HotelsPro – Глобална туристичка берза
HotelsPro е целосно интерактивна водечка компанија на онлајн хотелски резервационен систем, особено за туристичките агенции кои нудат брза потврда за своите услуги, во илјада хотели, во стотици дестинации во светот на туристичкиот пазар.
HotelsPro дава 24 – часовен пристап до најниските цени за хотелските резервации, овозможувајќи им на туристичките агенции и тур оператори да резервираат сместување со значителен попуст во над 500 000 хотели во 205 земји. Ние покриваме 15 000 дестинации низ Европа, Азија, Блискиот Исток, Америка и Канада. Системот за резервирање на хотели го користат 34 000 туристички професионалци (туристички агенции, тур оператори).
Со цел да им обезбеди константни услуги на своите партнери, HotelsPro одржува постојана и професионална комуникација со светските даватели на услуги, почнувајќи од луксузните хотели со 5*, па се до најевтините хотелски сместувања.
Нашите договорни стапки се најниски, бидејќи хотелиерите ја имаат довербата во нашата мрежа повеќе од 30 години. Како резултат на тоа ние сме во состојба да понудиме конкурентни цени дури и за време на сезонската висока побарувачка. Во денешниот високо конкурентен пазар на патувања, од голема важност е да им се понуди на конкурентите цена, која што ќе биде конкурентна понуда прилагодена на нивните потреби.
Ексклузивен застапник за Р. Македонија е туристичката агенција АНА ТУРС Интернационал Битола.