10 факти за Истанбул
Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители .
Овој пат решив да споделам со вас некои интересни факти за овој раскошен град на Босфорот, а за да ги откритете неговите убавини ви препорачувам да го посетите, нема да погрешите.
1. Во времето кога Истанбул бил дел од Отоманската Импперија, во градот имало преку 1.400 јавни тоалети, во време кога тоалети не постоеле дури ни во кралските палати во најголемите европски кралства. Околу 1600 тата година (отприлика времето кога владеел и Кралот Сонце во Франција) во Отоманската Империја биле изградени првите јавни тоалети во новите џамии што се граделе. А, како што знаеме, Версај е изграден без тоалети во него. Веројатно така било и со другите европски монарси во тоа време.
2. Подземната линија, претходник на Метрото во Истанбул е една од најстарите во светот, која постои од 1875 година. Постари се само метрото во Лондон (1863) и во Њујорк (1868). Се работи само за една линија која поврзува два плоштада и има само две станици и го носи името „Тунел“.
3. Во историјата, Истанбул бил главен град на : Римската Империја, Византиската Империја и Отоманската Империја. А во денешно време, Анкара е главен град на Турција.
4. Четирите бронзени коњи кои денес ја украсуваат катедралата Сан Марко во Венеција биле украдени од Истанбул во 13.век од Крстоносците. Коњите биле направени во 4 век пред нашата ера во Грција и биле изложени во Хиподромот во центарот на Константинопол.
5. Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиството во Ориент Експрес“ во хотелот Пера Палас во Истанбул, откако самата била патник во познатиот воз кој сообраќал од Париз до Истанбул во периодот од 1883 до 1977 година. Тоа е последната станица на овој воз, на железничката станица Сиркеџи гари (главната железничка станица во Европскиот дел од Истанбул).
6. Големиот пазар во истанбул (Капали Чаршија) е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници.
7. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.
8. Скоро без исклучок, сите жители на Истанбул се жалат за сообраќајниот метеж, за начинот на кој се прават работите итн, но никој не сака да си замине од таму.
9. „Почвата и камењата во Истанбул се златни“. Оваа позната парола од 50-те години на 20.век донела огромен број на луѓе од селата во овој магичен град.
10. Во Истанбул се наоѓа најголемата црква-џамија (Света Софија) во светот, која од 1937 година е прогласена за музеј со декрет на Кемал Ататурк и која сведочи за испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.
За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете се за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и се така до недоглед…
Sorry, the comment form is closed at this time.