Top
 

Ана Турс

Туристичката агенција „АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ од Битола е основана во 1989 година како една од првите приватни туристички агенции во Македонија.

За Нас

Туристичката агенција „АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ од Битола е основана во 1989 година како една од првите приватни туристички агенции во Македонија. Од самиот почеток нудиме комплетна туристичка понуда за граѓаните од Битола и пошироко во Македонија. За подобра услуга и производи, постојано инвестираме во нашиот персонал, адекватна технологија и превозни средства. Како резултат на тоа, голем број на задоволни лица и компании кои се наши постојани клиенти.

Ана Турс Интернационал е препознатлива по добро организирани патувања и хотелски резервации во земјата и светот, како и програми направени според желбата на групи и индивидуалци. Обезбедуваме сервисни услуги за странски групи и индивидуалци кои ја посетуваат Македонија или Балканскиот регион, обезбедувајќи хотелско сместување, трансфери, превоз во високо туристички автобуси, разгледи, водичи и др.

Ана Турс Интернационал е специјализирана за продажба и резервирање на авио карти со добро обучен персонал и со големо искуство. Вработените поседуваат сертификати во своето досие, вклучувајќи сертификати за работа со програмите Амадеус и Галилео. Ви нудиме најдобри опции за вашите летови, за чија резервација, цени и ред на летање можете бесплатно да се информирате во нашата агенција.

Секторот за транспорт во склоп на Ана Турс Интернационал обезбедува трансфери и транспорт на патници во земјата и странство. За таа цел, Ана Турс Интернационал поседува возила со најразлични големини и капацитет на седишта, автомобили од 3-6 патници, комбиња од 8 до 22 патници и високо туристички автобуси од 26 до 59 патници.

Нашата Мисија

Мисијата на Ана Турс Интернационал е да обезбеди квалитетни туристички услуги и производи на своите задоволни клиенти во земјата и надвор од неа преку својот високо обучен и искусен персонал, системите за резервации и постојано надградуваниот возен парк.

ss

ПРИВАТЕН ТРАНСПОРТ

ss

РАЗНИ ДЕСТИНАЦИИ

ss

All Inclusive Пакети

ss

БРЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

АКТУЕЛНА ПОНУДА

No tours match your criteria

error: Content is protected !!