8ми Март во Италија (Верона, Венеција,Фиренца)
169евра
149евра
по лице
Позната по Шекспировата драма – Ромео и Јулија, Верона е една од најпосетуваните туристички дестинации во Италија. Во Венеција се наоѓа една од најтесните улици во светот – Caletta. Широка е само 53 сантиметри. Инаку, улиците во Венеција се толку тесни бидејќи воопшто и не било планирано овој град да има улици. Фиренца, градот кој плени со својата убавина и историја. Град кој вреди барем еднаш да го посетите во својот живот. Град во кој е роден Данте Алигери, Америго Веспучи, Николо Макијавели, а живеел Леонардо Да Винчи каде ја слика познатата „Мона Лиза“. Одлична можност за едно поинакво искуство, за кое Ви нудиме можност да доживеете и да раскажувате.
Цена за резервации до 31.01.2023 – 149€/ 9.238ден
Редовна цена на аранжманот 169€/ 10.478ден
-
Тргнување08.03.2023
-
Враќање12.03.2023
1
ПРВ ДЕН (08.03.2023) среда
Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 13.30 часот. Поаѓање за Италија во 14.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2
ВТОР ДЕН (09.03.2023) четврток
Пристигнување во Верона во претпладневните часови. Прошетката низ градот на Ромео и Јулија ја правиме релаксирано со придружникот на групата со посочување на местата од интерес: го минуваме мостот и влегуваме покрај Ѕидините на градот до Арената, плоштадот Бра, Виа Мацини и плоштадот Ербе, се до куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки можност за шопинг и дегустација на одлична италијанска пица или паста на плштадот Бра. Во договорено време поаѓање кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
3
ТРЕТ ДЕН (10.03.2023) петок
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време со водичот, враќање кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
4
ЧЕТВРТ ДЕН (11.03.2023) сабота
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Венеција. Превоз со брод вапорето од Пунта Сабиони до Венеција Пристигнување на портот на Венеција и заминување на разглед на градот: Mостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, препорачуваме да се возите со гондола или да влезете во некои од музеите на Венеција. Во договорено време со водичот трансфер назад до Пунта Сабиони и поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
5
ПЕТТИ ДЕН (12.03.2023) недела
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови, во зависност од задржувањата по граници.