Top
 

8 Март АТИНА

8 Март АТИНА

159евра 139евра по лице

Атина е еден од најстарите градови на светот, а историјата на овој град започува уште 3000 години п.н.е. Наречена е уште колевка на цивилизацијата затоа што кај неа за прв пат се појавува демократијата, западната филозофија и литература, како и Олимписките игри и математичките теории.
Покрај богатата историја Атина располага и со кристално сините води на Средоземното Море и долгите плажи.
Атина може да биде град во кој ќе научите и видите многу историски, но и убави места, со еден збор претставува приказна која трае !
Уште една 8-мо мартовска авантура, исполнета со приказни за раскажување!

  • Тргнување
    07.03.2024
  • Враќање
    10.03.2024
1
Прв ден (07.03.2024) - ЧЕТВРТОК
Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
2
Втор ден (08.03.2024) - ПЕТОК
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Заминување кон Глифада. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
3
Трет ден (09.03.2024) - САБОТА
Атина-Корнит-Пелопонез Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), градчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.
4
Четврти ден (10.03.2024) - НЕДЕЛА
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.
5
Важно
-Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари -За сингл соба цената изнесува 159 евра -Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител) -Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e -Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот. -Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. -Резервации за одреден кат или страна не е можна. -Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. -Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

-Превоз со високо туристички автобус -2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада -Организиран разглед на градот со локален водич -Организација и водство на патувањето
-Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е -Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е -Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел -Влезници за посета на локалитетите со водич: Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е -Патничко осигурување
error: Content is protected !!