Top
 

Атина за 8ми Март

Атина за 8ми Март

149евра 129евра по лице

Атина е град којшто ги има поминато сите фази на општествено уредување. Од робовладетелство, преку капитализам, социјализам, комунизам, феудализам до демократија. Атина сама по себе е една од најпосетуваните дестинации. Годишно ја посетваат 17 милиони, па со самото тоа ни е јасно зашто Грција никогаш не банкротира. Атина е всушност водечкиот град на Грција. Денес во Атина владее свет со ултрамодерна, урбанистичка и архитектонска смела линија во полн сјај со класична и неповторлива убавина.
Атина е приказна која трае….

  • Дестинација
  • Тргнување
    09.03.2023
  • Враќање
    12.03.2023
1
ПРВ ДЕН 09.03.2023 (Четврток)
Состанок на групата во 20:30 часот спроти спортската сала Јане Сандански. Поаѓање во 21:00 часот. Патување преку граничниот премин Богородица-Евзони и ноќно возење низ Грција со попатни паузи за одмор.
2
ВТОР ДЕН 10.03.2023 (Петок)
Пристигнување во Атина во утринските часови. Заминување на панорамско разгледување на градот со локален водич (Плоштадот Омонија, Плоштадот Сантагма, каде се наоѓа парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека). Слободно време низ центарот на прекрасната Атина или посета на Акропол. Заминување кон Глифада. Смествање во хотел. Слободно попладне. Вечерта слободно време за одмор или прошетка по преубавата Глифада.
3
ТРЕТ ДЕН 11.03.2023 (Сабота)
Атина-Корнит-Пелопонез Појадок. Целодневна екскурзија на Арголида Коринтскиот канал (кој ги поврзува егејското и јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локалната таверна. Враќање во Глифада. Слободно време за одмор, вечерта препорачуваме ноќна прошетка во Атина или шопинг во Глифада. Ноќевање.
4
ЧЕТВРТИ ДЕН 12.03.2023 (Недела)
Појадок. Факултативна екскурзија Аполоновиот брег, летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени и рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат на самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Слободно време и заминување кон Македонија. Возење со гранични формалности и попатни паузи, присигнување во доцните ноќни часови.  

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Глифада
  • Организиран разглед на градот со локален водич
  • Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Екскурзија на Арголида-Пелопонез – 45е
  • Факултативен излет Сунион и Аполоновиот брег – 15е
  • Туристичка такса 1,5е по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
  • Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
  • Патничко осигурување

Важно

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари За сингл соба цената изнесува 159 евра Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител) Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 79e Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот. Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна. Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

Сунион и Аполоновиот брег

15e
Кејп Souniot е неверојатна локација во секое време од денот, но таму би се почуствувале неверојатно доколку имате можност да го гледате неверојатното зајдисонце. Под Вас се протега Егејското Море а покрај вас се наоѓаат и величествените урнатини на храмот Посејдон. Лесно е да се разбере зошто античките Грци изградиле храм на богот на морето овде.  

Арголида-Пелопонез

45е
Пелопонез е голем полуостров и регион во јужна Грција, го формира делот на државата јужно од Коринтскиот Залив. Делови од него припаѓаат на три периферии; поголемиот дел од полуостровот припаѓа на периферијата Пелопонез, а мал дел на Западна Грција и Атика. Полуостровот има површина од 21.549 км2 и е најјужниот дел од грчкото копно. Со прокопувањето наКоринтскиот Канал во 1893 година  Пелопонез бил издвоен од копното, и може да се смета за остров.
error: Content is protected !!