Top
 

Белград

Белград

169евра 139евра по лице

Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава – најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова …..градот кој никогаш не спие – БЕЛГРАД.

Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот

  • Тргнување
    30.12.2023
  • Враќање
    02.01.2024
1
1.Ден 30.12.2023 (Сабота)
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2
2.Ден 31.12.2023 (Недела)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3
3.Ден 01.01.2024 (Понеделник)
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад – центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до центарот на градот само за патниците кои што се сместени во Вила Вертиго, ( патниците кои што се сместени во хотел Србија самостојно може да се организираат бидејќи центарот е на 3 км од хотелот) за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
4
4.Ден 02.01.2024 (Вторник )
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на  Белград за индивидуални активности.. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
5
Сместување

Вила Вертиго-139 еур

  Прекрасна вила со 3* која што се наоѓа на Петлово брдо. Vertigo има нов и стар дел.  Патниците ќе бидат сместени во новиот дел. Ресторанот се наоѓа во стариот дел кој што е на 50 метри оддалечен од новиот дел. Во склоп на Vertigo има продавница, кафе бар и менувачница. Од центарот е оддалечена околу 12 километри. Во склоп на програмата како што може да прочитате, постојано има превоз од Vertigo до центарот и назад ( во договорено време со групата) што е вклучено во цената.

Хотел Србија 3*-169 еур

  Прекрасен хотел кој се наоѓа на само 3 километри од центарот на градот. Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трикреветни соби. Комплетно е реновиран во 2005 година и Ви овозможува чувство на удобност и комфорт. Има панорамски ресторан со капацитет од 380 места се наоѓа на 17 спрат од хотелот од кој има прекрасен поглед на цел град и претставува совршено место за почеток на денот со појадок и кафе од прекрасната шведска маса која што ја нуди.
6
Факултативни излети

Нови Сад

Цена за пакет: 15€
  Посета на прекрасниот Нови Сад со целосна организација. Се посетуваат најатрактивните места во градот.

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во избраниот хотел во Белград
  • Посета на трговскиот центар “Ушче”
  • Патничко осигурување 200 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 15 евра – пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Влезници во културно/историски споменици
error: Content is protected !!