Top
 

Белград-Hotel Abba

Белград-Hotel Abba

185евра 165евра по лице

Дочекајте ја Новата 2024 година , во најголемиот и главен град на Србија-Белград. Град каде се вкрстуваат Дунав и Сава, со посебен шарм, неверојатна гостопримливост и незаборавна забава која засекогаш се врежува во сеќавањата на секој патник.
Бидете и Вие дел од забавата во градот кој никогаш не спие.

  • Дестинација
  • Тргнување
    30.12.2023
  • Враќање
    01.01.2023
1
30.12 (Сабота) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
    Состанок на групата во 02:00 часот Дрво Декор. Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 09 часот. Следи организиран разлгед со локален водич, со посета на: Црква „Св. Сава“(влезница не е вклучена), Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, панорамски разглед на стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова.Во договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време за одмор.Ноќевање.
 
2
31.12 (Недела) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
    Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Враќање во попладневните часови во хотел. Вечерта, организиран трансфер од хотел до центар на Белград и повратно, за дочек на Нова 2024 Година, по Ваша желба може да прославите на плоштад или посетите некој од бројните ресторани низ скадарлија како и познатите дискотеки. Организирано враќање со автобус од центарот во 1часот по полноќ. Ноќевање
 
3
01.01 (Понеделник) БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон трговскиот центар Ушче.(доколку работи) Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Скопје. Во 15часот заминување за Македонија.Пристигнување во вечерните часови
 

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

Сместување во Hotel Abba 4* -2 ноќи со појадок Превоз на наведената релација со туристички автобус Посета на шопинг центар Ушче Oрганизација и водство на патувањето Разглед на Белград со локален водич
  • Опционална посета на Нови Сад – 25€
  • Туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
  • Здравствено патничко осигурување
  • Влезница во Св. Сава како и други историски знаменитости.
  • Еднокреветна соба 50€
error: Content is protected !!