Top
 

Белград, Нови Сад и Сремски Карловци

Белград, Нови Сад и Сремски Карловци

129евра 115евра по лице

🌟 Уживајте во Белград, Нови Сад и Сремски Карловци – Историја, Вино и Доживувања! 🌟

06.03.2026 – 08.03.2026

Откријте ја срцето на Србија на едно незаборавно патување низ градови со богата историја, импресивна архитектура и винска традиција. Преку боемскиот Белград, барокниот Сремски Карловци и динамичниот Нови Сад, ќе уживате во културни знаменитости, живописни плоштади и уникатни гастрономски доживувања.

💰 Цена на патувањето

  • 115 – за резервации и уплата од 30% до 30.01.2026
  • Редовна цена: 129 денари

Вклучено во цената:

  • 🚌 Автобуски превоз
  • 🛏️ 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • 🏛️ Разгледување на Белград со локален туристички водич
  • 👤 Лиценциран придружник од страна на агенцијата за цело време на патувањето

Не е вклучено во цената:

  • 🏥 Здравствено патничко осигурување – 200 денари (до 65 г.), 300 денари (65-70 г.)
  • 💶 Туристичка такса – 2 € по лице/ден
  • 🍇 Факултативен излет до Сремски Карловци и Нови Сад – 20 €
  • 🍽️ Факултативна вечер со музика – цена по договор
  • 🚤 Крстарење со сплав – 15 €
  • 🎟️ Влезници за музеји и други локалитети

Доживејте го Белград, Нови Сад и Сремски Карловци со сите сетила историја, култура, гастрономија и незаборавни моменти!

 

    1
    06.03.2026 – Петок
    • Состанок на групата во 23.00 часот. Ноќно поаѓање во 23:30 ч. преку граничниот премин Табановце. Патување со гранични формалности и попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови.
    • Разгледување со локален водич: плоштадите Теразије и Славија, храмот Св. Сава, тврдината Калемегдан, Воениот музеј и Споменикот на победникот, посета на Музејот на Југославија и Куќата на цвеќето.
    • Сместување во хотел 3/4*. Слободно време за прошетка по улицата Кнез Михајлова.
    • Ноќевање.
    2
    07.03.2026 – Сабота
    Појадок Факултативен излет до Сремски Карловци – град со барокна архитектура и традиционално фрушкогорско вино „Бермут“. Посета на: Патријаршијата, црквата Св. Никола, Српската гимназија и фонтаната „Четири лава“. Продолжување до Нови Сад – разгледување на Петроварадинската тврдина, пешачката улица Јован Ј. Змај, Дунавската улица, Владичанскиот двор и Градското собрание.Враќање во Белград.Факултативна вечер со жива музика во ресторан
    • Ноќевање.
     
    3
    08.03.2026 – Недела
     Појадок.
    • Факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав. Слободно време во новиот комплекс „Београд на вода“, со можност за шопинг во трговскиот центар Галерија
    • Попладне – поаѓање за Македонија.
    • Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.
     

    TOUR LOCATION

    Sorry, the comment form is closed at this time.

    error: Content is protected !!