Top
 

БОСНА НА ДЛАНКА

БОСНА НА ДЛАНКА

229евра 195евра по лице

Ова е возбудливо шестдневно патување низ најубавите и најинтересните градови и природни убавини на Босна и Херцеговина. Совршен спој на култура, историја, верски знаменитости и недопрена природа, ова патување ви овозможува да ја доживеете Босна и Херцеговина – вистинска Босна на дланка.

Битола -Прилеп-Кавадарци-Радовиш-Штип– Скопје – Бања Лука – Јајце – Босански Пирамиди – Сараево – Конјиц – Мостар – Вишеград – Андричград – Скопје – Битола

 

  • 💸 ЦЕНИ (по лице во двокреветна соба)
  • Промо цена за уплата до 15.01.2026: 195 € / 12,090, оо ден
  • Редовна цена: 229 € /14,200, оо ден

 

Вклучено во цената:

  • Автобуски превоз со туристички автобус
  • 1 ноќевање во Бања Лука (4* со појадок)
  • 2 ноќевања во Сараево (4* со појадок)
  • Разглед на Бања Лука со локален туристички водич
  • Разглед на Јајце со локален туристички водич
  • Разглед на Сарајево со локален туристички водич
  • Посета и разглед на Вишеград- Андриќград
  • Организација водство и пратител на патувањето
  • ГРАТИС ТРАНСФЕР ОД РАДОВИШДоплати и факултативи:
    • Посета на Коњиц, Титовиот Бункер, Мостар – 50 €
    • Влезница за Титов бункер – 20 €
    • Факултативна посета на Босанските пирамиди – 20 €
      Крстарење по Дрина-10 €
    • Влезници за други културно-историски споменици
    • Патничко осигурување
      Туристичка такса 2 € по лице по ден која задолжително се плаќа во автобус


    Пакет факултативи-95


    Важни информации:

    • Потребен биометриски пасош или лична карта
    • Минимум 40 патници за реализација
    • Резервација: депозит 30%, доплата 2 недели пред поаѓање
    • Седишта според редослед на уплата или избор со доплата 20 €

     

    Контакт:
    📞 078 532 872
    📩 info@anatours.com.mk
    🌐 anatours.mk

     

 

 

 

 

  • Тргнување
    05.03.2026
  • Враќање
    09.03.2026
1
Ден 1 – Македонија → Бања Лука (ноќно патување) 05.03.2026
Собирање на групата на договореното место во Скопје или Радовиш и заминување кон Бања Лука. Патувањето се одвива ноќе, со кратки паузи за одмор и кафе, додека се поминуваат граничните формалности. Овој прв дел од патувањето ни овозможува да се подготвиме за богатата културна и историска програма што следува.
2
Ден 2 – Бања Лука (1 ноќевање) 06.03.2026
Пристигнување во Бања Лука во претпладневните часови и сместување во хотел. По краток одмор, започнува разгледот на градот со локален туристички водич:
  • Тврдината Кастел – средновековна тврдина сместена на река Врбас, со прекрасен панорамски поглед на градот.
  • Соборен храм Христос Спасител – импресивна православна црква со богато архитектонско уредување, изградена на местото на поранешната црква Света Троица.
  • Ферхад-пашината џамија (Ферхадије) – значајна градба на исламската архитектура од 16 век, по нарачка на Ферхат-паша Соколовиќ.
  • Централниот плоштад и прошетка покрај Врбас – Палата на Банската Администрација, Бански двор, Римокатоличка катедрала и Народен театар.
Вечерта е слободна за прошетка низ градските улици или вечера во локален ресторан со традиционални бањалучки специјалитети. Ноќевање во Бања Лука.
3
Ден 3 – Бања Лука → Млинчиќи → Јајце → Босански Пирамиди → Сараево (1 ноќевање) 07.03.2026
  • Млинчиќи – традиционални воденици на река, идилично место каде што може да се види како некогаш се млеело жито и улогата на водениците во локалната култура.
  • Јајце – град со живописен водопад на спојот на реките Врбас и Плива (22 метри височина), прошетка низ стариот град (споменат прв пат во 14 век) и посета на Музејот на АВНОЈ.
  • Босански пирамиди во Високо – откриени од д-р Семир Османагиќ во 2005 година:
    • Пирамида на Сонцето (Височица, 220 м)
    • Пирамида на Месечината (Плешевица, 190 м)
    • Змејската пирамида (Бучи)
    • Храм на Мајката Земја (Крстач)
    • Пирамида на љубовта (Чемерак)
По разгледот, продолжуваме кон Сараево, сместување во хотел и ноќевање.
4
Ден 4 – Сараево → Бункер на Тито → Конјиц → Мостар → Сарајево (2 ноќевање) 08.03.2026
Сараево е град каде Истокот и Западот се сретнуваат. Разглед со локален водич:
  • Башчаршија – стара чаршија со тесни улици, кафулиња и сувенирници.
  • Латински мост – местото на убиството на Франц Фердинанд, што предизвика Првата светска војна.
  • Гази Хусрев-бегова џамија и Кујунџулук – бисери на османлиската архитектура.
  • Катедрала и Вечен оган – симболи на мирот и историјата на градот.
Заминување кон Коњиц и посета на Бункерот на Тито во Конјиц – историско место кое прикажува стратегија и живот на поранешниот лидер. Посета на местото каде наоѓа мостот каде е сршен по наредба на Тито и тука се одвивала познатата Битка на Неретва.
  • Мостар – Стариот мост, светско културно наследство и симбол на градот изграден по наредба на Султанот Сулејман Величествени. Разглед и уживање во старата архитектура и градбите покрај двете страни на реката Неретва. Коска Мехмед Џамијата, двете кули на мостот, Синагогата како и Незир Агина Џамија.
Денот завршува со слободно време за кафе, шопинг или уживање во некој од традиционалните ресторанчиња. Враќање во Сарајево. Ноќевање во Сараево.
5
Ден 5 – Сараево → Вишеград – Андрич град – Скопје - Радовиш 09.03.2026
Појадок во хотелот. Напуштање на прекрасното Сарајево. Пристигнуваме во Вишеград и прво правиме посета на ‘Андриќград’ град и културен центар кој се наоѓа на самото устие на реките Дрина и Рзав, изграден по иницијатива  и замисла на Емир Костурица. Тука познатиот Нобеловец Иво Андриќ го поминал своето детство и тука ја добил инспирацијата за да го напише романот Мостот на Дрина за кој ја добива и Нобеловата награда.. Потоа со групата се упатуваме кон разглед на Мостот на Дрина (околу 15 минути се задржуваме за фотографирање). По разгледот, патување назад кон Македонија со попатни одмори, пристигнување во вечерните часови.

TOUR LOCATION

Sorry, the comment form is closed at this time.

error: Content is protected !!