Top

Будимпешта & Виена

Будимпешта & Виена

189евра 159евра по лице

🌸 8 МАРТ ВО БУДИМПЕШТА & ВИЕНА – МАГИЈА НА ДУНАВ 🌸

Подарете си патување исполнето со стил, романтика и европска елеганција за Денот на жената 💖

🌉 Будимпешта – град на бањите, импозантните мостови и раскошната архитектура што освојува на прв поглед.
🏰🎶 Виена – град на цареви, валцери и безвременска убавина. Прошетки покрај величествени палати, романтични улици осветлени со светилки и атмосфера која раскажува приказни од славното минато.

✨ За време на патувањето ќе уживате во:
🚢 Факултативно крстарење по Дунав со панорамски поглед на најубавите знаменитости
🛍️ Шопинг во трговскиот центар Арена
📸 Незаборавни прошетки и совршени фото-моменти

💫 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
✔ Автобуски превоз со туристички автобус
✔ 2 ноќевања со појадок во хотел 4★
✔ Туристички придружник за целото патување
✔ Организиран превоз од Битола, Прилеп, Велес и Скопје

🌷 Совршен подарок за себе или за драгите жени во вашиот живот!

📞 Информации и резервации:
☎ 047 203 580
📍 Комплекс „Безистен“ – Битола

8 Март се слави со стил – Будимпешта & Виена ве очекуваат!

  • Тргнување
    05.03.2026
  • Враќање
    08.03.2026
1
Ден 1 – 05.03 (четврток) | Поаѓање од Македонија – Будимпешта
Собирање на групата на договорени локации:Битола, Прилеп, Росоман, Велес,Куманово и Скопје
  • Поаѓање во вечерните часови за Будимпешта.
  • Ноќно возење со попатни паузи за одмор .
Совет: Уживајте во возбудата на патувањето, разговорите со патниците и првите впечатоци од магичните градови.
2
Ден 2 – 06.03 (петок) | Будимпешта – Град на бањите и архитектурата
По пристигнувањето започнуваме со разглед на градот, полн со историски и архитектонски бисери:
  • Плоштадот на Хероите – симбол на храброста и историјата на Унгарија.
  • Унгарскиот Парламент – третата најголема зграда во светот, со готско-неоренесансен раскош и фасада која се огледува во  Дунав.
  • Базиликата Св. Стефан – најголемата црква во Будимпешта со панорамски 360°  поглед од куполата.
  • Мостот Сечени и Плоштадот Елизабета – историско и модерно споено, совршено за  фотографии.
  • Замокот Буда / Кралската Палата – музеј кој оживува приказни од Австро-Унгарската империја.
  • Црквата Матијаш и Рибарската Тврдина – историски бисери со спектакуларен поглед на Дунав.
Сместување во хотел 4 .Вечерно крстарење по Дунав, со блескави светла и романтична атмосфера.Слободно време за лични активности . Ноќевање.
3
Ден 3 – 07.03 (сабота) | Факултативна посета на Виена
Појадок во хотелот 4★ и подготвени за нови авантури во Виена:Факултативна посета на Виена главниот град на Австрија, е еден од најелегантните и најкултурно богатите градови во Европа. Познат како „град на музиката“, тука се родени и твореле големи мајстори како Моцарт, Бетховен и Штраус.
  • Рингштрасе – главната улица на Виена, полна со историја и шопинг.
  • Катедралата Св. Стефан – готски бисер и симбол на градот.
  • Бург Театар и Музејскиот кварт – културни центри и уметнички доживувања.
  • Палатата Хофбург и Белведере – царски приказни оживеани низ салоните и дворовите.
  • Градското Собрание, Парламент и Опера – архитектонски бисери и магични панорами.
Во договорено време враќање во Будимпешта во хотел. Ноќевање
4
Ден 4 – 08.03 (недела) | Будимпешта – Сент Андреа – Македонија
По појадокот, факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа:
  • Сент Андреа – зачувана стара архитектура и автентична атмосфера.
  • Народни ракотворби и галерии – традиција и култура на секој чекор.
  • Винотеки и рибни ресторани – дегустација на локални вкусови.
По разгледот, враќање кон Македонија со попатни одмори и гранични формалности и  пристигнување во Македонија во утринските часови на 09.12 (вторник).Совет: Наполнете ги мобилните со фотографии, купете сувенири и запомнете ја магијата на празнична Будимпешта!
5
Ден 5 – 09.03 (понеделник) | Македонија
Пристигнување во Македонија во претпладневните  часови.

TOUR LOCATION

Sorry, the comment form is closed at this time.

– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,– Сместување во хотел 3/4 * во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок- Посета на трговски центар Арена– Професионален туристички придружник од агенцијата,– Организација и реализација на аранжманот- Организиран превоз од Битола, Прилеп, Велес и Скопје
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра - Крстарење со брод по Дунав - 25 евра - Посета на Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра - Посета на Сент Андреа -15 евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА) - Задолжителнадоплатазатуристичка такса– се плаќа во автобус - Патничко осигурување
error: Content is protected !!