Букурешт
145евра
130евра
по лице
Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Букурешт. Раскажете една поинаква новогодишна приказна.
Букурешт е познат по своите широки булевари со дрвореди, познатите градби од Belle Époque и животот на високата нога. Познат и како „Мал Париз„, Букурешт денес е комбинација на старото и новото, град кој вреди да се посети и види бидејќи има што да понуди поготово околу Нова година и Божиќните празници.
5 дена
-
Тргнување29.12.2023
-
Враќање02.01.2024
1
29.12.2023 Петок
Поаѓање за Букурешт преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.
2
30.12.2023 Сабота
Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
3
31.12.2023 Недела
Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Враќање во Букурешт. Дочек на Новата 2024г. на плоштад или во ресторан со музика. Ноќевање.
4
01.01.2024 Понеделник
Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на трг.шопинг центар; Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 грејани базени. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
5
02.01.2024 Вторник
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
TOUR LOCATION
НАПИШИ КОМЕНТАР
– автобуски превоз на дадената релација
– сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Букурешт со водич
– лиценциран придружник на патувањето
– задолжително здравствено патничко осигурување
– целодневен излет до Синаја-дворецот Пелеш, Замокот Бран и Брашов = 25 евра
– доплата за влезници за наведените културни историски споменици (на лице место+-25е)
– Факултативна посета на велнес центар-Терме –превоз 5еур+влезница на лице место.