Top
 

8 Март ИТАЛИЈА

8 Март ИТАЛИЈА

159евра 139евра по лице

Италија важи за една од најубавите земји во Европа. Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери.

Па доколку сè уште не сте биле во Италија, но би сакале да ја посетите, искористете го овој продолжен викенд и истражете ги убавините на оваа прекрасна земја,со еден збор – дозволете си себеси накратко да го впиете италијанскиот дух и начин на живот.

  • Тргнување
    07.03.2024
  • Враќање
    10.03.2024
1
Прв ден (07.03.2024) - Четврток
Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2
Втор ден (08.03.2024) - Петок
Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 3 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон… Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на Designer Outlet Noventa di Piave, уникатен шопинг центар кој изобилува со продавници од познатите светски дизајнерски брендови по ниски цени. Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
3
Трет ден (09.03.2024) - Сабота
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано… Замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
4
Четврти ден (10.03.2024) - Недела
По појадок во хотелот, одјавување и поаѓање кон Пунта Сабиони, пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода, Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто…. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
5
Петти ден (11.03.2024) - Понеделник
Пристигнување во Македонија околу пладне
6
Факултативни излети

Милано

Цена за пакет: Цена за пакет: 55 евра по лице
  Милано, главниот град на регионот Ломбардија, градот на модата, финансискиот центар на северниот дел на Италија. Градот во кој се спојуваат минатото и сегашноста, градот кој ги има фасцинирано најголемите уметници низ историјата. Замокот Sforzesco, домот на фамилијата Sforza, едно од најмоќните фамилии низ историјата кои владееле со регионот Ломбардија. Во овој замок, Leonardo da Vinci ги поминал последните години од неговиот живот, каде што остварил неколку преубави уметнички дела, а едно од најпознатите е Последната Вечера. Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano се уште неколку познати места кои ќе ги посетиме и ќе уживаме во нивната убавина.

Венеција ( задолжителна факултатива)

Цена за пакет: Цена за пакет: 25 евра по лице
  Венеција, кралицата на Јадранското море, единствениот град на вода. Центар на República de Venecia, низ историјата една од најмоќните републики на брегот на Јадранското море. Градот кој е инспирација на многу уметници, писатели, градот кој ја поттикнува љубовта. Плоштадот Сан Марко, каналите на градот кои можете да ги пловите со Гондола, мостот Риалто со каналот Гранде, мостот на Воздишките, големиот број на плоштади, ресторани кафулиња ќе ве освојат со невната убавина и ќе ве натераат повторно и повторно да се враќате…
7

TOUR LOCATION

2 ноќевања во хотел со 3* со појадок Автобуски превоз од Скопје Посета на Трст и Noventa di Piave Designer Outlet центарот Лиценциран придружник
  • Патничко осигурување
  • Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 25е
  • Факултативна посета на Милано со локален водич – 55е
  • Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотелот)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
error: Content is protected !!