Top
 

Вила Павлос

Вила Павлос

122евра 104евра по лице

Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Оваа урбана вила ќе Ви даде нова дефиниција за тоа како треба да изгледа вашиот летен одмор. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палмови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот.

Вилата е идеална за луѓе кои бараат модерен, нов и несекојдневен начин на летување. Туристи кои ќе го посетат Скијатос се со цел да го почувствуваах духот на островот, да ги истражат песочните плажи и да ја проучат културата на градот.

Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi, и тоалет.

Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз.

Вилата има и своја рецепција и лице кое е одговорно за гостите.

Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад.

Вилата е на една минута пешачење од море. Првата плажа е на 3 минути пешачење, но таа плажа е мала и не е организирана. За да се посетат најубавите плажи на островот, се користи јавниот превоз.

Поаѓање Враќање Цена Промо цена
23.05.2024 30.05.2024 122e 104е
30.05.2024 06.06.2026 133e 113е
06.06.2024 13.06.2024 147e 125е
13.06.2024 20.06.2024 161е 137е
20.06.2024 27.06.2024 185е 157е
27.06.2024 04.07.2024 233е 198е
04.07.2024 11.07.2024 272е 231е
11.07.2024 18.07.2024 308е 262е
18.07.2024 25.07.2024 308е 262е
25.07.2024 01.08.2024 308е 262е
01.08.2024 08.08.2024 308е 262е
08.08.2024 15.08.2024 308е 262е
15.08.2024 22.08.2024 308е 262е
22.08.2024 29.08.2024 272е 231е
29.08.2024 05.09.2024 240е 204е
05.09.2024 12.09.202 187е 159е
12.09.2024 19.09.202 157е 133е
19.09.2024 26.09.202 157е 133е

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања – 8 дена во вила Павлос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања

Што не е вклучено во цената

Дополнителeлни 36€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

    Термините за лето 2023 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање
    Првиот термин започнува од 23-ти мај, а последниот термин завршува на 26-ми септември.

    Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.

    Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.

    Поаѓање за Македонија секој четврток.

  • Тргнување
    23.05.2024
  • Враќање
    26.09.2024
1
Факултативни излети

Kukunaries beach

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
  Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
  Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Banana beach

Цена за пакет: Ценaта на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
  Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

error: Content is protected !!