Вила Спирос
Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Островот со причина го нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа Нидри.
АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е не ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекраасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна. Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.
Студија Спирос Ц кат – Агиос Никитас се сместени во северозападната страна на островот Лефкада на 300 метри од магичната песочна плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија опремени во традиционален стил: телевизор, клима 5 Еур/ден , кујна, купатило и тераса . Сите студија излегуваат на поврзана тераса со делумен поглед на море. ЕКО студијата се наоѓаат на приземје и се со помала квадратура од стандардните студија, опремени стандардно со тоалет, клима, ТВ и кујна.. НАПОМЕНА: Студијата заради ограниченоста на просторот, се со типичен традиционален изглед, скромен квалитет и мала комфорност.
GPS 38.7885431469174, 20.613378051575378
Лефкада- островот со најубави бои | |||||
Попусти за рана уплата : -15% до 08/02/2024 -10% до 29/02/2024 | |||||
Вила Спирос Ц кат – Аг.Никитас | 1/2 студио | 1/3 студио | Забелешка | ||
Термин/Услуга | 7 наем | 7 наем | |||
28.05.-04.06.2024 | / | / | |||
04.06.-11.06.2024 | / | / | |||
11.06.-18.06.2024 | 289 | 309 | |||
18.06.-25.06.2024 | 329 | 349 | |||
25.06.-02.07.2024 | 389 | 409 | |||
02.07.-09.07.2024 | 429 | 459 | |||
09.07.-16.07.2024 | 459 | 489 | |||
16.07.-23.07.2024 | 499 | 519 | |||
23.07-30.07.2024 | 499 | 519 | |||
30.07-06.08.2024 | 499 | 519 | |||
06.08.-13.08.2024 | 499 | 519 | |||
13.08-20.08.2024 | 499 | 519 | |||
20.08-27.08.2024 | 459 | 489 | |||
27.08.-03.09.2024 | 399 | 429 | |||
03.09.-10.09.2024 | 329 | 349 | |||
10.09.-17.09.2024 | / | / | |||
17.09.-24.09.2024 | / | / | |||
Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур. | |||||
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) | |||||
освен 1 дете до 7 години во кревет со родител. | |||||
Автобуски превоз 55Еур возрасни Битола, Прилеп. | |||||
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп. | |||||
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена. Клима 5 Еур/ден. | |||||
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат. | |||||
Термините обележани со црвено нема можност за сместување. | |||||
Туристичката такса 1,5 Еур/соба/ден се плаќа на лице место. | |||||
Важат Општите услови за патување на СКТМ. |
TOUR LOCATION