Top
 

8-ми Март во Дубровник

8-ми Март во Дубровник

139евра 129евра по лице

Дубровник – градот кој го носи епитетот БИСЕР НА ЈАДРАНОТ

  • Дестинација
  • Тргнување
    09.03.2023
  • Враќање
    12.03.2023
1
1Ден. БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - БУДВА – ДУБРОВНИК 09.03.2023
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Се патува кон Прилеп, Велес, Скопје преку граничниот премин Блаце.  По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Косово се до Будва. Патување со попатни одмори.
2
2 Ден. БУДВА – ДУБРОВНИК - 10.03.2023
Пристигнување во Будва во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини,  манастири и  старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон  Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Сместување во хотел.  Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици.
3
3 Ден ДУБРОВНИК - МЕЃУГОРЈЕ - МОСТАР 11.03.2023
Појадок. После појадокот заминување кон  Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Посета на местото на појавување на Пресвета Богородица. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата.Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Ноќевање.
4
4 Ден. ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП - БИТОЛА 12.03.2023
Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Албанија, Косово се до Скопје преку граничниот премин Блаце. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
Во цената на аранжманот Е вклучено:
  •  Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Сместување во хотел со 3+ *** на база 2 ноќевања со појадок (шведски стол)
  •  Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
  Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  •  Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар ( 30 € )
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Туристичка такса (3 €  по ден се плаќа во автобус)
  • Патувачко осигурување
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,оо
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ,, - Битола и СКТМ.
error: Content is protected !!