ИСТАНБУЛ
Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното. Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе ,алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.
Промо цена за пријава и уплата до 31.01.2026: 109 €
Редовна цена 119 €
Во цената е вклучено :
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија,
- Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
- туристички пратител за време на престојот
- организација на аранжманот
Во цената не е вклучено :
- Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
- Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
Истите се уплаќаат за време на патувањето:
Факултативни излети:
- Крстарење по Босфорот – 20 евра
- Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбате Кадикој и Ортакој – 25 евра
- Ноќен Истанбул со посета на Таксим и Галата кулата– 20 евра
- Пиер Лоти , Балат и Вселенската патријаршија, – 10 евра
- Турска вечер на брод на Босфорот со вечера и забава – 50 евра
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:
65 евра-Вклучува
- Панорамски разглед на европски Истанбул и населбата Ортакој
- Посета на азиски Истанбул и населбата Кадикој
- Крстарење по Босфорот
- Ноќен Истанбул со посета на Таксим и Галата кулата
- Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршијаВо цената НЕ е вклучено
Задолжително патничко осигурување
Задолжителна туристичка такса – 1 € по лице/ноќ ( се плаќа во автобус)Напомени:
- Минимум 35 патници за реализација
• ➡️ 30 % уплата при резервација а остатокот 10 дена пред поаѓање - ➡️ На 6 рати преку Јуте Кредити – аплицирање директно во агенцијата
• Цена во евра, плаќање во денари: 1 € = 62 денари
• Агенцијата го задржува правото на измени поради објективни причини
• Важат општите услови на Т.А. „АНА ТУРС ИНТ“ – Битола
🚌 Распоред на седишта во автобус:
• Местата ги одредува агенцијата според редослед на уплата
• Исклучоци за повозрасни лица и мали деца
• Можност за избор на седиште со доплата од 15 €Информации и резервации:
📞 047 203 580
📱 078 532-872 - Минимум 35 патници за реализација
- Тргнување05.03.2026
- Враќање09.3.2026
Прв ден – четврток 05.03.2026
Втор ден – петок 06.03.2026
- Аксарај – срцето на стариот Истанбул, каде ќе почувствувате автентичната атмосфера на градот.
- Капали чаршија – најголемиот и најпознат пазар во Истанбул со илјадници продавници, каде може да купите сувенири и локални производи.
- Хиподром – историско место каде се одвивале трки со коњи и важни политички настани во минатото.
- Аја Софија – величествена катедрала која ги комбинира византиската и османлиската архитектура, денес музеј и симбол на градот.
- Сината џамија – прекрасен пример на османлиската архитектура со уникатни сини плочки.
Трет ден – сабота 07.03.2026
- Посета на продавница за турски деликатеси и сувенири, каде можете да пробате локални производи и да купите уникатни споменици.
- Крстарење со брод по Босфорот – 90 минути, со прекрасни погледи на мостовите и градските палати на европскиот и азискиот брег.
- Посета на азискиот дел – Кадикој, со можност за прошетка по локалните улици, кафулиња и пазари.
- Враќање во европскиот дел – Ортакој, со разглед на Хамџијата и населбата Бешикташ, едно од најживописните предградија на Истанбул.
- Денот завршува со турска вечер на брод, со традиционална вечера, забавна програма и музика.
- Враќање во хотел и ноќевање.
Четврт ден – недела 08.03.2026
- Видиковец Пиер Лоти – искачување со жичара и прекрасен панорамски поглед на градот и Златниот рог.
- Балат – прошетка низ шарени куќи и тесни улички со уникатна атмосфера.
- Вселенска патријаршија – важен духовен центар со богата историја.
- Посета на OUTLET 212 – слободно време за шопинг и кафе.
Петти ден-Понеделник 09.03.2026
TOUR LOCATION
Sorry, the comment form is closed at this time.
