Top
 

Италија за 24-ти Мај

Италија за 24-ти Мај

149евра 129евра по лице

Патувајте и овој 24 -ти Мај  волшебната Италија.

Италија важи за една од најубавите земји во Европа.
Превкусна храна, неверојатно убави градови, историја која датира векови и векови наназад, дом на многу модни дизајнери се само дел од епитетите со кои можеме да ја опишеме Италија.

Искористете го овој продолжен викенд и истражете ги убавините на оваа прекрасна земја,со еден збор – дозволете си себеси накратко да го впиете италијанскиот дух и начин на живот.

  • За реализација на овој аранжман се потребни минимум 50 патници.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Доплата за еднокреветна соба – 40 евра
  • Доплата за дете до 11.99 години – 109 евра
  • Трансфер од Битола, Прилеп и Гевгелија – 10 еур по лице (во правец)
  • Трансфер од Штип, Неготино, Кавадарци, Велес – 5 еур по лице (во правец)
  • Тргнување
    23.05.2024
  • Враќање
    26.05.2024
1
ЧЕТВРТОК (23.05.2024) - ПРВ ДЕН
Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
2
ПЕТОК (24.05.2024) - ВТОР ДЕН
Пристигнување во утринските часови во Трст. Слободно време за индивидуална прошетка (околу 2 часа) низ центарот на Трст, плоштадот Piazza Unità d’Italia, античкиот театар, катедралата на Сан Густо, паркот направен во чест на паднатите борци, српската црква св. Спиридон. Во договореното време, поаѓање кон Лидо ди Јесоло, со попатна посета на познатиот шопинг центар Noventa di Piave Designer Outlet (околу 2 часа), кој е познат по ниските цени за сите познати дизајнерски брендови. Продолжување кон Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Слободно време за ноќна прошетка низ Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
3
САБОТА (25.05.2024) - ТРЕТ ДЕН
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Милано. Во Милано ги посетуваме едни од најпознатите атракции како што се :замокот Sforzesco, Arco de la Pace, паркот Sempione, населбата Brera, познатата опера Scala di Milano, галеријата Vittorio Emanuele II, и се разбира познатата миланска катедрала, Il Duomo di Milano. По разгледот на градот со локалниот водич, слободно време за индивидуална прошетка низ градот на модата, можност да пробате некој од локалните специјалитети, како што се миланското рижото, познатото џелато, панцерота, тестенини или пица во големиот број ресторани сместени во преубавиот центар на градот. Во попладневните часови поаѓање назад кон Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
4
НЕДЕЛА (26.05.2024) - ЧЕТВРТИ ДЕН
По појадок во хотелот,во договорено време одјавување од хотел и поаѓање кон Пунта Сабиони – пристаништето каде со брод се упатуваме кон безвременскиот град на вода – Венеција. Плоштадот Сан Марко, Дуждевата палата, каналот Гранде, мостот Риалто се само дел од атракциите кои првично ќе се разгледаат со локален водич. Слободно време за индивидуална прошетка. Во договорено време, од пристаништето во Венеција, се упатуваме кон Пунта Сабиони. Поаѓање кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и обавување царински формалности.
5
ПОНЕДЕЛНИК (27.05.2024) - ПЕТТИ ДЕН
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз од Скопје
  • Посета на Трст и Noventa di Piave Designer Outlet
  • Лиценциран придружник
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса за влез во Венеција – 5 евра по лице (се плаќа во агенција)
  • Задолжителна посета на Венеција со брод и локален водич – 25е
  • Факултативна посета на Милано со локален водич – 55е
  • Туристичка такса (околу 5 евра се плаќа на рецепција во хотелот)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
error: Content is protected !!