Top
 

Хотел Мarin Princess 5*

Хотел Мarin Princess 5*

295евра 176евра по лице

Во 2019-та година први  започнавме да го работиме Кумбургаз и имавме неколку групи или околу 300 среќни патници. Летото 2020 година реализиравме 10-тина  тури или однесовме околу 700 патници. Летото 2021-година направивме BOOM на македонскиот пазар со повеќе од 2.200 патници кои летуваа во Кумбургаз! Ова година КУМБУРГАЗ повторно достапен за вас! Во 2022 година во Кумбургаз летуваа околу 4000 среќни патници. 5-то лето по ред Ве носиме на најбараната  ХИТ дестинација во ТУРЦИЈА! Резервирајте по промо цени и летувајте 7 или 14 ноќевања во Кумбургаз.

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.

Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!  Најдобриот хотел на сама плажа, MARIN PRINCESS.

 

  • Дестинација
  • Тргнување
    04.06.2024
  • Враќање
    24.09.2024
1
ПРВ ДЕН
План и програма ПРВ ДЕН – Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет. Check in: 16:00 часот (локално време) Check out: 09:00 часот (локално време) СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ. Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз . Ноќевање.
2
ВТОР ДЕН
Од причина што Кумбургаз е близу до Истанбул организираме целодневен излет во Истанбул. Еден од седумте денови се оди во Истанбул а програмата е следна: По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор   КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.   БАЛАТ- Посета на шарената филмска населба “Балат”чии улички ги има на многу познати филмови,каде најубави фотографии се прават во оваа населба.Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Во склоп на факултативата се посетува железната црква,каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и Велешкиот митрополит Малетиј,се посетува Вселенската Патријаршија,а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички.   ГАЛАТА ПОРТ-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи и Крузери на дневно ниво.   Таксим- Таксим Плоштадот Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.
3
ЧЕТВРТИ ДЕН
ШОПИНГ ТУРА Капали Чаршија -Outlet 212 -KOSKA (продавница за слатки работи) – GLORIA Трговски Центар
  • Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Лежалки и крпи на плажа и базен
  • Користење на 2 базени со солена вода
  • Превоз од: Скопје, Велес, Прилеп, Битола,Гевгелија,Неготино,Штип
Сместување-Хотел Марин Принцес 5*- e  паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса. Некои соби имаат топла када и пространа седење.Хотелот служи голем појадок кој е вклучен  во цената. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.
Поаѓање Враќање Цена Промо цена
04.06.2024   11.06.2024 220e 176е
11.06.2024 18.06.2026 231e 185е
18.06.2024 25.06.2024 244e 195е
25.06.2024 02.07.2024 256е 204е
02.07.2024 09.07.2024 269е 215е
09.07.2024 16.07.2024 281е 225е
16.07.2024 23.07.2024 295е 236е
23.07.2024 30.07.2024 295е 236е
30.07.2024 06.08.2024 295е 236е
06.08.2024 13.08.2024 295е 236е
13.08.2024 20.08.2024 295е 236е
20.08.2024 27.08.2024 278е 223е
27.08.2024 03.09.2024 256е 205е
03.09.2024 10.09.2024 244е 195е
10.09.2024 17.09.2024 232е 186е
17.09.2024 24.09.202 220е 176е

Важно

    • Сместувањето во хотелот го одредува самио менаџмент. Агенцијата не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
    • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • За резервација е потребно мин. 30% уплата од вкупната сума, остатокот се доплаќа на мин. 7 дена пред поаѓање
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од редовната цена на аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола.
  • Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметат две суми од промо цените.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените )
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.50е од ден ( Се плаќа во автобус)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок  до Кумбургаз и назад.
  • Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
  • Туристичка такса 3,50е по лице за 7 ноќевања
   
error: Content is protected !!