Истанбул 2 ноќи
149евра
129евра
по лице
Најдобрата организација за дочек на новата година на Брод на Босфор!
Две зони за забава од кои едната со изведувачи на балканска музика, а втората зона со dj-set и електронска музика.
Новогодишна забава со НЕОНСКА ТЕМАТИКА, каде секој гостин на бродот добива бесплатни неонски материјали за да доловиме вистинската сеонзација на неонската магија. Брод ќе биде детално уреден со неонски светла кои приредуваат вистинско шоу!
Не размислувајте дали да се препуштите во магијата!
4 дена
-
Тргнување29.12.2023
-
Враќање01.01.2024
1
ПРВ ДЕН 29.12.2023 (ПЕТОК)
Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Предвидено пристигнување во раните утрински часови.
2
ВТОР ДЕН 30.12.2023 (САБОТА)
Пристигнување на групата во Истанбул
Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Chech in во хотелот е после 14:00 час.
Крстарење по Босфор
90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.
Таксим Плоштадот
3
ТРЕТ ДЕН 31.12.2023 (НЕДЕЛА)
По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт.
Балат
Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Миниатурк
Еден специфичен и интересн музеј, каде што ќе имат можност да ги видите сите познати светски градби на едно место во минијатурна форма.
По посетата на Балат и Миниатурк, се упатуваме во хотел.
Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор.
4
ЧЕТВРТИ ДЕН 01.01.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)
По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.
Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.
Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.
Кој не би сакал шопинг?
Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.
По шопингот, поаѓање кон Македонија.
5
Факултативни излети
Посета на Балат и Миниатурк
Цена за пакет: 25€
Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува посета на Христијанска населба Балат, и посета на уникатниот музеј Миниатурк.Крстарење по Босфор, палата Бејлербеи и Таксим Плоштад
Цена за пакет: 45€
Дочек на Нова Година
Цена за пакет: 90€
- Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
- Влезница на приватен брод на Босфор
- Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
- Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
- Организирани и резервирани конопои за секој гостин
- Вклучени 4 алкохолни или 4 безалкохолни пијалоци
- Вклучена храна за време на забавата
- Вклучени бесплатни неонски материјали
- Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот (Два посебни зони со различна музика)
- Професионално фотогафирање + Можност за купување на пијалоци по најниска цена
TOUR LOCATION
НАПИШИ КОМЕНТАР
- Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
- Автобуски превоз
- Лиценциран туристички водич
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница „Коска“
- Шопинг во 212 центарот
- Туристичка такса
- Патничко осигурување
- Факултативи излети
- Индивидуални трошоци