Сараево и Мостар за 8ми Март
115евра
99евра
по лице
Патувајте во Сараево и Мостар по повод ,,Денот на жената” и истражувајте ги убавините на БИХ. Во продолжение програмата…
-
Тргнување09.03.2023
-
Враќање12.03.2023
1
ПРВ ДЕН (09.03.2023) ЧЕТВРТОК
Состанок на групата пред деловните простори на агенција и заминување во 14:30 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Србија. Патување со попатни одмори и царински формалности.
2
ВТОР ДЕН (10.03.2023) ПЕТОК
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на градот со водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (каде што бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Припрема за најлудата ноќ. Свечена вечера со музика и забава до раните утрински часови во хотелот или на плоштад. Ноќевање.
3
TРЕТ ДЕН (11.03.2023) САБОТА
Појадок. Заминување за Мостар (факултативно). Разглед на градот и неговите историски знаменитости – стариот мост, чаршијата, факултативна закуска босански бурек – специјалитет на градот. Продолжување кон Меѓугорје, место каде се појавила Мајката Божија на 6 деца. Посета на местото на појавување на Мајката Божија Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Сараево. Ноќевање.
4
ПОСЛЕДЕН ДЕН (12.03.2023) НЕДЕЛА
Појадок. После појадокот, заминување за Белград. Слободно време за прошетка и разглед на Белград. По договор, упатување кон Скопје и Битола.

Херцеговински пакет (Посета на Јабланица, Врело Буна (Благај) и Мостар (се плаќа во автобус)
50€

Посета на Босанските пирамиди (Tунел равно лековити престории) се плаќа во автобус
25€

BH пакет (Посета на Јабланица, Мостар, Врело Бунa и Босанските пирамиди)
70€
