Top
 

ОКТОМВРИСКИ празници во Терме Виват

ОКТОМВРИСКИ празници во Терме Виват

349евра 299евра по лице

Препуштете се на едно поинакво и несекојдневно патување и креирајте спомени кои ќе се паметат до крајот на животот…

1.Терме Виват – Оаза на релаксација и добросостојба

Терме Виват е совршена дестинација за препуштање во топлата прегратка на термалната вода, за уживање во нови искуства и за создавање на моменти исполнети со радост и насмевки.

Сместени во срцето на словенечка Прекмурија, Терме Виват нудат уникатна комбинација на природна термална вода со докажани лековити својства, современи велнес и спа содржини, како и пријатна атмосфера која го смирува телото и умот.

Било да барате опуштање по напорен ден, романтичен бегство, или активен одмор со семејството – Терме Виват е изборот што ќе ги надмине вашите очекувања.

Што нудат Терме Виват?

  • Термални базени со бела термоминерална вода од 32 до 39 º
  • Модерен велнес и спа центар
  • Масажи и терапевтски третмани
  • Активности за сите возрасти
  • Гастрономско уживање со локални специјалитети
  • Комфорен хотелски смештај во хотел со 5*

Подгответе се за патување кое ќе ги разбуди вашите сетила и ќе ви подари вистинска хармонија.

2.Марибор, место каде што се среќаваат историското и модерното…Кривулестите улици, плоштади и историски објекти во Марибор, Словенија, го носат секој гостин низ некои минати времиња и неазборавни доживувања…

3.Сместен во срцето на Австрија, Грац е град кој без напор ја спојува традицијата со модерноста, создавајќи волшебна таписерија на историја, култура и иновации. Грац, градот кој уште го нарекуваат помалата сестра на Виена  зрачи со безвременски шарм, каде што тесните калдрмани улици водат до големите катедрали и дворовите од ренесансната ера.

4.Загреб е идеален избор за патување во секој период од годината.

Есенските патувања поминете ги заедно со Нас и препуштете се на уживање…

 

  • Тргнување
    21.10.2025
  • Враќање
    25.10.2025
1
Ден 1. 21.10.2025 БИТОЛА – СКОПЈЕ Терме ВИВАТ
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 18:00 часот. Поаѓање за Словенија преку Србија и Хрватска. После преминувањето на границата и царинските формалности патувањето продолжува со попатни одмори. Ноќно патување.
2
Ден 2. 22.10.2025 ТЕРМЕ ВИВАТ
Пристигнување во хотелот во предпладневните часови. Доколку постои можност сместување и слободно време за лични активности и уживање во базените и термалните води. Вечера. Ноќевање
3
Ден 3. 23.10.2025 ТЕРМЕ ВИВАТ - ГРАЦ
Појадок. Факултативна целодневна екскурзијата до Грац кој се наоѓа на само 120 км, прекрасен и живописен град покрај реката Мура. По појадокот во хотелот, патуваме кон Грац за да го посетиме Кунстхаус Грац, или Музејот на уметност во Грац. Овој музеј е изграден како дел од прославите на европската престолнина на културата во 2003 година и оттогаш стана архитектонско обележје во Грац, Австрија. Нејзината изложбена програма е специјализирана за современа уметност од последните четири децении. Потоа продолжуваме до Schlossberg,  обиколен со дрва и шума во центарот на градот Грац. Ридот сега е јавен парк и ужива широк поглед на градот. Фото-стоп кај Муринсел, вештачка пловечка платформа среде реката Мур. Оваа знаменитост на Грац е дизајнирана од њујоршкиот уметник Вито Акончи по повод Грац да стане европска престолнина на културата во 2003 година. По слободното време за ручек, одиме во посета на замокот Егенберг, најзначајниот барокен комплекс на палата во Штаерска. Со своите зачувани украси, обемните сценски градини, како и некои дополнителни колекции од Universalmuseum Joanneum кои се сместени во палатата и паркот. Шлос Егенберг се вбројува меѓу највредните културни добра на Австрија. Шлос Егенберг беше признат од страна на Светското културно наследство на УНЕСКО во 2010 година. Потоа заминуваме назад кон нашиот хотел. Вечера Ноќевање.
4
Ден 4. 24.10.2025 ТЕРМЕ ВИВАТ - МАРИБОР
Појадок. После појадокот полудневна факултативна посета на Марбор кој претставува втор по големина град во Словенија, а се наоѓа на само 60 км. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Прошетка  започнува преку Плоштадот на генералот Маистра до Покраинскиот Музеј кој има свои изложбени простории во Мариборскиот Градски дворец. Потоа продолжуваме покрај Фрањевачката Црква, Плоштадот Леона Штукља до Сломшковиот Плоштад, Катедралата Св. Иван Крстител од 12. Век, Жидовската Кула и Синагогата. Разгледот го завршуваме пред најстарата лоза на светот-плава жаметовка која е впишана во Гинисовата книга на рекорди и ја симболизира традицијата на виновата културна дестинација Марибор-Похорје. Враќање во хотелот и уживање во термалните базени и понуди на спа центарот во хотелот. Вечера Ноќевање.
5
Ден 5. 25.10.2025 ТЕРМЕ ВИВАТ – ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ - БИТОЛА
Појадок. После појадокот слободно време за уживање во термалните и спа понуди на хотелот. Напуштање на собите. Во попладневните часови заминување кон Загреб. Разглед на Загреб со локален водич ( Плоштадот Бан Јелачич, пазарот Долац, Катедралата, Камена Врата, Плоштадот Свети Марко, Кулата Лотршчак и др). Во вечерните часови заминување кон Македонија. 
6
Ден 6. 26.10.2025 ТЕРМЕ ВИВАТ – ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ - БИТОЛА
Пристигнување во Македонија во пладневните часови.

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

Превоз на дадената релацијаОрганизирани трансфери од Прилеп, Велес, Скопје и КумановоХотелско сместување во хотел со 5* на база 3 полупансиони (појадок и вечера - шведски стол)Неограничено користење на Спа центарот ( термални базени,  светот на сауни)Разглед на Загреб со локален водич ГРАТИСОрганизација и водство од страна на агенцијата
  • Патувачко осигурување (200,оо ден).
  • Доплата за трансфер од Струга и Охрид -15 еур по лице
  • Факултативна целодневна посета на Грац со локален водич (45 €)
  • Факултативна полудневна посета на Марибор со локален водич ( 15 €)
  • Останати неспоменати услуги Туристичка такса
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ :
  • Грац и Марибор ( 50 €)
НАПОМЕНИ:
  • За реализација на овај аранжман потребен е минимум од 40 патници
  • За реализација на факултативните посети потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, -Битола
 
error: Content is protected !!