Top
 

Острошки Манастир

Острошки Манастир

по лице

Прв термин 11.11.2022

Втор термин 18.11.2022

  • Дестинација
  • Тргнување
    11.11.2022 и 18.11.2022
  • Враќање
    13.11.2022 и 20.11.2022
1
Ден 1.БИТОЛА – РЕСЕН – ОХРИД – СТРУГА – КАФАСАН - ОСТРОГ 11.11.2022 / 18.11.2022
Состанок на групата во 22.30 часот пред Безистенот. Заминување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со попатни одмори преку Елбасан, Тирана, Скадар се до Острог.
2
Ден 2. ОСТРОГ – БУДВА 12.11.2022 / 19.11.2022
Пристигнување во Острог во утринските часови. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.Слободно време за поклонение на моштите и купување на некој сувенир од Манастирот. Заминување кон Будва. Во попладневните часови прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Вечера. Ноќевање.  
3
Ден 3. БУДВА – Тирана – БИТОЛА 13.11.2022 / 20.11.2022
Појадок. После појадокот, Заминување за кон Тирана. Разглед на центарот на Тирана, Операта, Музејот, Етем Беј Џамијата, Плоштадот Скендербег. Слободно време за шопинг во трговскиот центар ТЕГ. Продолжување кон Битола преку граничниот премин Ќафасан. Пристигнување во Битола во ноќните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: = 4.100 ден Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 1 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 4*
  • користење на спа центар во хотелот
  • Разглед на Острошки манастир
  • Разглед на Будва
  • Разглед на Тирана и посета на шопинг центарот ТЕГ
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
 Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Патничко – здраствено осигурување: 150,оо мкд
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Превоз до Манастирот 2 еур
  • Туристичка такса 4 еур се плаќа во агенција
Може да се патува и со лична карта.  
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
НАПОМЕНА:
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ: Тел: 047 203 580
error: Content is protected !!