Сараево 2024
145евра
125евра
по лице
Дочек на Новата Година во Сараево. Тридневна екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево и подгответе се да ги замислите новогодишните желби под небото на Балканска Швајцарија.
4 дена
1
ПРВ ДЕН 29.12.2023 (ПЕТОК)
Патниците за точно време на поаѓње се известуваат на еден ден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
2
ВТОР ДЕН 30.12.2023 (САБОТА)
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт.Можност за организирана вечера доколку има интерес од страна на група. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување.Ноќевање.
3
ТРЕТ ДЕН 31.12.2023 (НЕДЕЛА)
Третиот ден започнува со појадок во хотел. Заминување на екскурзија оклолу 11:00ч. Патниците ќе имат можност да се одморат од бурната ноќ за дочекот и да бидат свежи за истражување на Босна.
Првото место за посета е Јабланица. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. Кратка пауза за фотографија и заминување кон Мостар.
Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Заминување кон Сараево. Дочек на Нова Година на плоштад. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање
4
ЧЕТВРТИ ДЕН 01.01.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Вишеград.
Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат како и Каменград кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Заминување кон Македонија.
5
Факултативни излети
Крстарење по Дрина
Цена за пакет: 5€
Босански пирамиди (Равно тунел лековити простории)
Цена за пакет: 25€
Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Мостар и Босански пирамиди)
Цена за пакет: 75€
Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар)
Цена за пакет: 60€
TOUR LOCATION
НАПИШИ КОМЕНТАР
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Разглед на Сараево со локален водич
- Туристички придружник за време на патувањето
- Посета на Вишеград и Андриќград
- Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Мостар и Босански пирамиди) 75eвра
- Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
- Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар) 60евра
- Крстарење по Дрина- 5 евра од лице
- Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
- За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
- Патничко осигурување
- Дочек на Нова Година на плоштад