Херцег Нови
95евра
90евра
по лице
Има градови кои имаат своја душа-колку почесто се навраќате во нив, се поблиску и подлабоко ги чувствувате.
И едноставно, не можете да не ги засакате. Тогаш зошто во еден од нив да не ја испратите старата и дочекате Новата Година?
Градот со камените скали и испреплетени тесни улички во кои цела зима цветаат рози, мал рај на Црногорското приморје – Херцег Нови-град меѓу дбе синила- небесно и морско…
Тука, помеѓу звукот на огнометите над хоризонтот на Херцег Нови, посакајте си Среќна Нова…
5 дена
-
Тргнување29.12.2023
-
Враќање02.01.2024
1
29.12.2023 Петок
Ноќно патување преку Албанија со попатни паузи за одмор.
2
30.12.2023 Сабота
Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар,Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват (со траект) или Котор пристигнување во Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани. Прошетка низ Игало – тоа е најпознатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи… кое е долго од Игало до Мељине, кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“. Ноќевање.
3
31.12.2023 Недела
Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах итн. Враќање во Херцег Нови. Вечерта дочек на Новата 2024 г. на плоштад во Херцег Нови, најавен е настап на Горан Брегович и Бело Дугме Ален…Ноќевање.
4
01.01.2024 Понеделник
Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив, Будва- прошетка во стариот дел на Будва каде можат да се видат црквите Св. Иван, Св. Марија…, па се продолжува за Македонија преку Тирана, ноќно возење со попатни паузи.
5
02.01.2024 Вторник
Пристигнување во Македонија во ноќните или раните утрински часови.
TOUR LOCATION
НАПИШИ КОМЕНТАР
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања во соби 1-ва катег.,студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало
– разгледување на Херцег Нови, Будва, Игало…
– организација и придружник на патувањето
– патничко здравствено осигурување
– факултативен излет до Дубровник -20 еур
– влезници за културно историските споменици