🌍 ПАТУВАЊЕ СО КРУЗЕР – CELSTYAL DISCOVERY
🌍 ПАТУВАЊЕ СО КРУЗЕР – CELSTYAL DISCOVERY
Атина – Миконос – Кушадаси – Патмос – Крит (Ираклион) – Санторини
Доживејте незаборавно крстарење низ Егејското Море со крузерот Celestyal Discovery. Совршена комбинација од удобност, авантура и култура, ова патување Ве води низ најубавите острови на Грција и бреговите на Турција. Прошетајте низ романтичните улички на Миконос, откријте ја духовната атмосфера на Патмос, уживајте во историјата на Крит и магијата на Санторини, а сето тоа со врвна услуга, одлична храна и богата програма на бродот. Крстарење создадено за вистинско уживање, релаксација и незаборавни спомени.
| Тип на кабина | Цена по лице (€) |
| Внатрешна без прозор | 579 |
| Внатрешна без прозор (повисока категорија) | 629 |
| Надворешна со окно | 689 |
| Надворешна со прозор | 719 |
| Надворешна со прозор (повисока категорија) | 759 |
| 1/1 Внатрешна без прозор | 845 |
| 1/1 Надворешна со окно | 945 |
| 1/1 Надворешна со прозор | 989 |
| 3/4 лице во кабина | 529 |
| Деца (2-11 г) | 449 |
| Деца до 2 г | 299 |
ВКЛУЧЕНО ВО ЦЕНАТА:
Организиран автобуски превоз: Битола – Атина – Битола (трансфери од Скопје и Неготино со доплата)
Сместување на крузерот: 3 ноќевања / 4 дена во внатрешна кабина (за надворешна кабина со прозор се доплаќа)
Оброци: појадок, ручек и вечера
Пијалоци за време на оброците: безалкохолни, газирани и негазирани пијалоци, сокови, кафе и чај
Пристанишни такси: 129 €
Разглед на Атина со локален водич
Прошетки со претставник: Кушадаси, Ираклион (Крит), Фира (Санторини)
Шатл услуги за островите: Миконос, Патмос и Санторини
Дневни и ноќни активности на бродот: забавни програми, анимации, музика, јога, танц
Користење на базен, џакузи, фитнес центар и сауна (според временските услови)
Бесплатен основен Wi-Fi: за е-пошта, пораки и пребарување; за стриминг и социјални медиуми потребна е надградба
Претставник на агенцијата присутен во текот на целото патување
НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Патничко осигурување
Факултативни екскурзии или услуги со доплата на лице место
Жичара за Санторини (околу 10 € по правец)
Услуги во салон за убавина и спа центар
Медицински услуги
Индивидуални екскурзии од бродот со доплата
Влезници за локални атракции и културно историски споменици
Групни или индивидуални трансфери кои не се дел од програмата
Владина такса за одржлив развој за грчките пристаништа:
Миконос – 20 € по лице
Санторини – 20 € по лице
Други грчки пристаништа – согласно локални правила
Попусти и доплати:
Деца до 2,99 г.: само 50 € за превоз (без легло)
Деца 3–11,99 г.: полна сума, попуст само на факултативи
НАПОМЕНИ
За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 40 платежни патници по автобус
Агенцијата го задржува правото да го менува редоследот на посетите ако тоа е потребно поради временски или други причини
Дадените цени се во евра, уплата е исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 МКД
За избор на седиште се доплаќа 20 €, освен првите 4 седишта кои се наменети за персоналот
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. „АНА ТУРС ИНТ.“ – Битола
НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
30 % уплата при резервација, остатокот 10 дена пред поаѓање
На 6 рати преку Јуте Кредити – аплицирање директно во агенцијата
Информации и резервации:
047 203 580
078 532 872
info@anatours.com.mk
www.anatours.mk
Комплекс „Безистен“ – Битола
- Тргнување19.03.2026
- Враќање23.03.2026
Ден 1 – 19.03 (четврток): Состанок и поаѓање за Атина
Попатни трансфери од Скопје и Неготино (со доплата)
Поаѓање кон Атина преку граничен премин Богородица
Ноќевање во автобус со удобно патување кон Грција
Ден 2 – 20.03 (петок): Качување на крузер и Миконос
Качување на крузерот Celestyal Discovery
Испловување од Атина кон Миконос во 13:00 ч
Пристигнување на Миконос во 18:00 ч
Слободно време за прошетка: шармантните улички, белите куќи со сини прозорци, традиционални грчки таверни и атмосферски кафулиња
Испловување кон Кушадаси
Ден 3 – 21.03 (сабота): Кушадаси и Патмос
Прошетка низ градот: медитерански пазари, кафулиња и пристанишен дел
Враќање на бродот во 12:30 ч и испловување кон Патмос
Пристигнување на Патмос во 16:30 ч
Посета на Манастирот на Свети Јован и Печерата на Апокалипсата (според време и можност)
Испловување кон Крит (Ираклион)
Ден 4 – 22.03 (недела): Крит (Ираклион) и Санторини
Прошетка со претставник низ градот и разглед на локални знаменитости
Враќање на бродот во 11:30 ч за ручек
Испловување кон Санторини, најфотогеничниот остров во Грција, познат по своите спектакуларни залези и белосветли куќи со сини куполи
Пристигнување на Санторини околу 16:30 ч
Прошетка низ Фира и Ија, кафе во традиционални таверни и незаборавни фотографии
Враќање на крузерот во 21:00 ч, вечера и испловување кон Атина
Ден 5 – 23.03 (понеделник): Атина и враќање во Македонија
Панорамски разглед на Атина со локален водич:
Акропол и Партенон – симбол на античката архитектура
Плака – стара населба со калдрмени улички, сувенири и кафулиња
Современ дел на градот со трговски улици и културни атракции
Поаѓање за Македонија во 14:30 ч, со попатни паузи
Пристигнување во Македонија во вечерните часови
TOUR LOCATION
Sorry, the comment form is closed at this time.
