Top
 

24 мај КРФ/ ALL

24 мај КРФ/ ALL

219евра 199евра по лице

Вe носиме на островот Крф, познат како Керкира на грчки јазик, островот каде прекрасната Клеопатра, Кралицата на Египет и нејзиниот љубовник Марк Антони се одмораа за време на војната против Октавијан Цезар. Крф е и островот каде прекрасната Принцеза Елизабета  попозната како ,,Сиси,,  од Австрија  избега од строгиот протокол на Австриската Монархија и го помина останатиот дел од својот живот. Крф е омилена  дестинација на многу Кралеви, Кралици, Благородници и Претседатели на Држави и на преку два милиони туристи кои секоја година летуваат на островот. Покрај големите природни убавини и шарм на овој остров можете да уживате и во големиот број на знаменитости и градби по кои овој остров е познат во  целиот свет. Тука се наоѓаат и моштите на Св. Спиридон заштитник на островот како и спектакуларниот залив Палеокастрица, и елегантниот град Крф, изграден во венецијански стил, жив споменик самиот по себе.

 

Цената на аранжманот :  199во денарска противвредност

Во цената на аранжманот Е  вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Превоз со брод од Игуменица – Крф – Игуменица
  • Хотелско сместување во хотел со 4* на Крф на база 2 ALL INCLUSIVE ( СЕ ВКЛУЧЕНО)
  • Организирани разгледи според програмата на градот Крф
  • Посета и разглед на Црквата на Свети Спиридон
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт – Битола

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:  

  • Факултативна посета и разглед на Палеокастрица и северниот дел на островот- доплата (20 €).
  • Патувачко осигурување (5 €).
  • Туристичка такса по патник се плаќа на рецепцијата на хотелот (10 €).

 ПОПУСТИ:

  • Деца до 11.99 со два возрасни БЕСПЛАТНО ПЛАЌА превоз и брод ( 50 €)
  • Дете над 12.00  и 3 лице во соба плаќаат (159 €)
  • Доплата за еднокреветна соба (70 €)

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 платежни патници по автобус
  • Дадените цени се изразени во €, плаќањето се врши исклучиво во денари 1€ = 62,оо денари
  • ПРИЈАВУВАЊЕ : до 20.05.2025
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ,, – Битола

 

ХОТЕЛ: Mitsis Messonghi 4*– Преглед на гастрономија и рекреација

Гастрономски искуства

Mitsis Messonghi нуди разновидни кулинарски задоволства, со ресторани и барови кои ќе ги задоволат сите вкусови.

Главен ресторан Nausika (Шведска маса)
Богата интернационална шведска маса со солени специјалитети и слатки десерти.
Појадок: 07:00 – 10:30
Ручек: 12:30 – 14:30
Вечера: 18:30 – 21:30

Бич ресторан (Шведска маса | Април – Октомври)
Уживајте во свежо приготвени традиционални грчки јадења на плажа.
Ручек: 12:30 – 14:30
Вечера: 18:30 – 21:30

Барови и закуски
Главен бар: 09:00 – 01:00 | Кафе, пијалаци и коктели
Beach Pizza Corner: 11:00 – 20:00 | Пици печени на дрва
Beach Pasta Corner: 11:00 – 20:00 | Свежа паста
Beach Bar Levante: 10:00 – 18:00 (Последна нарачка 17:30) | Коктели и освежителни пијалаци
Риверсајд бич бар: 10:00 – 18:00 (Последна нарачка 17:30) | Закуски и пијалаци со поглед на море
Pool Bar Oasis: 10:00 – 24:00 | Коктели, вина и пијалаци
Pool Bar Chloe: 10:00 – 24:00 | Освежителни пијалаци за целото семејство
Ice Cream Corner: 10:00 – 22:00 | Сладоледни задоволства
Ноќен клуб: 23:00 – 02:00 (Април – Октомври, 4 пати неделно) | Музика и пијалаци (Не е вклучено во All-Inclusive програмата)

Рекреација и забава

Широк избор на активности за сите возрасти:
– Одбојка на плажа, кошарка, пикадо, фитнес центар и пинг понг
4 надворешни базени (3 со детски делови)
Мини аквапарк (за деца до 12 години)
– Бесплатни лежалки и чадори на базените и плажата

 

 

  • Дестинација
  • Тргнување
    22.05.2025
  • Враќање
    25.05.2025
1
1 Ден. 22.05.2025 СКОПЈЕ – БИТОЛА - ИГУМЕНИЦА - КРФ
Состанок на групата пред хотел Русија во 22.30 часот во Скопје. Поаѓање кон Битола и граничниот премин Меџитлија.
2
2 Ден. 23.05.2025 КРФ ALL INCLUSIVE (СЕ ВКЛУЧЕНО)
После обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува према Гревена, Јанина се до Игуменица. Пристигнување во Игуменица во утринските часови. Влегување во брод и пловидба до Крф. Пристигнување на Крф. Трансфер и сместување во хотел. Слободно време за уживање во содржините на хотелот и понудата на  ALL INCLUSIVE (СЕ ВКЛУЧЕНО – храна, пијалаци, базени).Во попладневните часови организиран разглед на градот Крф и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот, Листон, панорамски поглед кон Тврдината и се она што го прави Крф исклучително убав и привлечен. Слободно време за прошетка низ прекрасните улици на градот. Враќање во хотелот и уживање во понудата. Ноќевање.
3
3 Ден. 24.05.2025 КРФ
Појадок. По појадокот организирана посета северниот дел на островот и на Византискиот Манастир од 13 век посветен на Света Богородица.  Посета на градот Палеокастрица. Потоа попатна посета на фабриката ,Мавроматис”  која има долга традиција за производство на ликери Кум куат. Кратка презентација  и дегустација на ликерите од кои подоцна ќе можете да купите и понесете за успомен. Враќање во хотелот и уживање во во содржините на хотелот и понудата на  ALL INCLUSIVE (СЕ ВКЛУЧЕНО – храна, пијалаци, базени).Ноќевање.
4
4 Ден 25.05.2025 КРФ – ИГУМЕНИЦА – БИТОЛА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно претпладне до напуштањето на собите. Поаѓање кон Македонија. Превоз со брод од Крф до Игуменица. Пристигнување во Игуменица. Патување кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола  и Скопје во  вечерните часови.

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

error: Content is protected !!