Top
 

8ми МАРТ во ИСТАНБУЛ

8ми МАРТ во ИСТАНБУЛ

119евра 109евра по лице

Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе Ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него. Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.  Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе ,алва во боја и секако турски локум. Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно. Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  109 €

Редовна цена 119 €

ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
Истите се уплаќаат за време на патувањето:

  • Топкапи Палата Некогашната палата на султаните-Цена 45€
  • Посета на кулата „Сафир“ со 4D кино проекција- 15 €
  • Панорамски разглед на Истанбул Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул со Чамлиџа –Цена 15 €
  • Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул-Цена 20€
  • Долмабахче – Турскиот Версај на Султаните-Цена 50€
    Турска вечер-35€

ПАКЕТ СИТЕ ПОСЕТИ:  170 €

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.

 

НАПОМЕНА:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, – Битола и СКТМ.ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ:

    Тел: 047 203 580 или  во  Нашите  деловни простории: Комплекс ,,БЕЗИСТЕН,, – Битола

 

  • Тргнување
    06,03,2025
  • Враќање
    10,03,2025
1
1 Ден. БИТОЛА – ИСТАНБУЛ 06.03.2025
Состанок на групата пред деловните простории во 17.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Делчево. Патување со попатни одмори преку Софија, Пловдив, Капикуле (Бугарско-Турска граница).
2
2 Ден. ИСТАНБУЛ 07.03.2025
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во пладневните часови заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: посета на Аја Софија посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори, Валенсовиот аквадукт,Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Султан Ахмет (сината) џамија, факултативна посета на Топ Капи - палатата на султаните, со посета на Харемот и ризницата.  Мостовите на Босфор.. Ноќевање
3
3 Ден. ИСТАНБУЛ 08,03,2025
Појадок. По појадокот, факултативна... факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Посета на Цариградската Патријаршија. Посета на Долма Бахче сарај последната резиденција на Отоманскиот Султан и место каде починал големиот татко на Турција Кемал Ататурк. Посета на Сафир Кулата со 4Д проекција. (факултативно). Посета на Капали Чаршија, еден од најатрактивните шопинг центри во светот со близу 3000 дуќани за накит, злато, облека, кожа, антиквитети и др... Слободно попладне за лични активности.Во вечерните часови посета на национален ресторан со вечера, музика и фолклор. (факултативно).Ноќевање.
4
4 Ден. ИСТАНБУЛ – БИТОЛА 09,03,2025
Појадок. По појадокот –Посета на фабриката Коска, шопинг центрите 212. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Грција.
5
5 Ден. БИТОЛА 10,0,2025
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.  

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 2 ноќевња со појадок во хотел со 4*
  • Разглед на Истанбул со професионален водич.
  • Две ноќевања во хотел со 4* со појадок
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Посета на Сината џамија
  • Посета на Цариградската Патријаршија
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
  • Патничко – здраствено осигурување: 175,оо мкд
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Останати неспоменати услуги
error: Content is protected !!