Top
 

8 Март БУКУРЕШТ

8 Март БУКУРЕШТ

179евра 149евра по лице

Истражете ја Романија и откријте ја мистичноста на Букурешт. Раскажете една поинаква авантуристичка приказна.
Букурешт е познат по своите широки булевари со дрвореди, познатите градби од Belle Époque и животот на високата нога. Познат и како „Мал Париз„, Букурешт денес е комбинација на старото и новото, град кој вреди да се посети и види бидејќи има што да понуди.

‘ ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 10 Февруари 2024:  149 € 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  179 €       

  • Тргнување
    07.03.2024
  • Враќање
    11.03.2024
1
1Ден. 07.03.2024 (БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ)
Состанок на групата  пред деловните простории на агенцијата во 16:00 часот. Заминување кон Бугарија. Патување со гранични формалности и попатни одмори покрај Софија, Велико Трново и Русе.
2
2 Ден. 08.03.2024 ( БУКУРЕШТ )
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Ќе се запознаеме со убавините на главниот град на Романија со име „Мал Париз“. За време на нашата турнеја, ќе ја посетиме парламентарната палата, втората најголема зграда во светот по Пентагон; и Националното богатство. Дознајте повеќе за романскиот народ во минатото последниот комунистички диктатор во Источна Европа на плоштадот Револуција. Нашата турнеја ќе вклучува и посета на романскиот Атинаум, Операта, Националниот воен клуб, Воената академија, Триумфалниот порта и  многу други знаменитости. Вечерта можност за посета на традиционален ресторан со програма. Ноќевање.
3
3 Ден 09.03.2024 (БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ )
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативно: Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 Ден. 10.03.2024 ( БУКУРЕШТ– ВЕЛИКО ТРНОВО – СКОПЈЕ - БИТОЛА )
Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Бугарија. Посета на некогашната престолнина на Бугарија или како што го нарекувале “ Градот на Царевите’’. Посета на тврдината “Царевец” и позначајните споменици. Слободно време за прошетка низ Велико Трново до заминување, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор.
5
5 Ден.11.03.2024 ( БИТОЛА)
Пристигнување во Битола следниот ден во утринските часови.  

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

✔Автобуски превоз на дадената релација по програмата
✔Сместување во хотел со 4* на база 2 ноќевања со појадок (шведски стол)
✔Организирани разгледи според програмата
✔Организација и водство на патувањето
✔Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
✔Организиран трансфер од повеќе градови
*Влезници за посета на културно – историските споменици
*Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (45 €)
*Замокот на Дракула (Влезницата за замокот не е вклучена. Цена: возрасни 12 € за студенти 8 €
*Вечера во национален ресторан за прослава на денот на жената (35 € )
*Туристичка такса од 4 € ( се плаќа во автобус)
*Индивидуални трошоци
*Патувачко осигурување 200 денари.
error: Content is protected !!