Top
 

8 Март – Салзбург

8 Март – Салзбург

269евра 240евра по лице

Бисерите на Австрија

Еден од културните престолнини на Европа! Салзбург најдобро може да се запознае пеш. Стариот град е релативно мал и крие неколку галерии, бутици, кафулиња и автентични ресторани, додека најинтересните најчесто се наоѓаат на улиците и пасажите веднаш до главните плоштади.Во Салцбург, поред В. А. Моцарт, роден е Јозеф Мор. Веројатно отпрвин името не ви звучи многу познато, но неговото коавторско дело е многу попознато – божиќната песна „Тивка ноќ“

Халштат во австриските Алпи е толку убав град што туристи не престануваат да го посетуваат. Овој град, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, има само 800 жители, а годишно во него доаѓаат еден милион туристи, чија бројка драстично порасна во изминатите десет години. Халштат е особено популарен меѓу Кинези. Всушност, тој е толку популарен што во 2012 година беше изградена кинеска реплика на Халштат, сосе црквата и централниот плоштад. Халштат во австриските Алпи е толку убав град што туристи не престануваат да го посетуваат.

Цената на аранжманот изнесува – 269евра по лице

Попуст за рана уплата до 10.02.2024 – 240евра по лице

 

  • Тргнување
    06.03.2024
  • Враќање
    10.03.2024
1
1 Ден, Битола - Салзбург 06.03.2024
    Состанок на групата со водичот и тргнување кон Австрија. Ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со кратки паузи за одмор и царински формалности.
 
2
2 Ден, Салзбург-Berchtesgaden (рудник за сол во југоисточна Германија) 07.03.2024
    Пристигнување во Салцбург во утринските часови. По пристигнувањето разгледување на градот. Разглед на родното место на Моцарт и еден од најубавите градови во Централна Европа: Kатедрала, Архиепископска палата, родното место на Моцарт, паркот Мирабел со прекрасен поглед кон палатата. Слободно време. Сместување во хотел. Можност за факултативна посета на еден од најголемите рудници за сол Berchtesgaden, сместен на германските алпи. Слободно време. Ноќевање.
 
3
3 Ден, Салзбург –Гилен / Волфганг / Бад ишл – Салзбург 08.03.2024
    По појадокот се упатуваме кон едно од најубавите езера во Австрија, Wolfgangsee. Ги посетуваме местата Свети Волфганг, кој денес е познато туристичко место благодарение на традицијата на оперите и познатите хотели, како и Свети Гилген каде се наоѓа куќата на мајката на Моцарт, а ќе го посетиме главниот плоштад, црквата на Сент Егиди. Возење со брод по езерото (Гилен - Волфганг). Продолжување на патувањето до Bad Ischl. Во центарот на градот можете да ја посетите една од најпознатите австриски слаткарници „Заунер“ и да ги пробате автентичните Ишлери, колачи кои го добиле името по самото место. Слободно време за прошетка. Враќање во Салзбург. Ноќевање.
 
4
4 Ден, Салзбург – Халштат 09.03.2024
    По појадокот, одјавување од хотелот. Заминуваме до Халштат - познато езеро и еден од најпознатите фотографски мотиви во Австрија, град со рибарски куќи, кој е познат по археолошкиот локалитет на келтската култура. Опкружен е од алпските планини, а покрај прекрасниот пејзаж и зачуваната природа, вистински атракции се историските знаменитости на Халштат: Црквата на Вознесение, која е изградена во 1505 година, подземните гробишта Карнер, на кои се наоѓа костурница од 16 век, музејот Халштат, кој ја има втората по големина колекција на уметнички дела од културата Халштат во светот и рудник за сол. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење низ Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
 
5
5 Ден, Скопје 10.03.2024
    Пристигнување во Скопје во предпладневните часови во зависност од условите на патиштата и задржувањето на граничните премини.
 

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

Превоз со автобус од туристичка класа седиштата се одредуваат според датумот на плаќање, односно склучување на договорот за патување) Сместување во хотел со 3* (по локална категоризација) во 1/2 и 1/1соба Разглед на Салзбург Посета на Халштат Трошоци за организација на патувањето Туристички водич/придружник за време на патувањето
  • ФАКУЛТАТИВНИ ЕСКУРЗИИ (минимум 25 лица за реализација)
  • Посета на Сент Гилген, Сент Волфганг, Бад Ишл(Брод на релација Гилген - Волфганг времетраење околу 40 мин) 45 евра
  • Посета на рудникот за сол(Berchtesgaden) 40 евра
error: Content is protected !!