Top
 

8 ми Декември на Копаоник

8 ми Декември на Копаоник

140евра 125евра по лице

Копаоник е најголем скијачки центар во Србија и несомнено еден од најубавите центри во овој дел на Европа. Копаоник поседува неверојатен природен потенцијал од околу 200 сончеви и околу 160 денови под снежна покривка во текот на годината. Прекрасно уредените терени на скијачкиот центар Копаоник со 62 км стази за алпско и нордиско скијање како и сноуборд парк кој е опремен по највисоките стандарди со патека со вкупна должина од 450 метри пружат неизмерно уживање на сите категории скијачи, од почетници до професионални скијачи, сноубордери и заљубеници во ноќно скијање и ски трчање.
Благодарејќи на системот за вештачки снег кој покрива 97% од капацитетот на ски центарот, ски сезоната трае подолго и не зависи од временските услови. Копаоник е омилен зимски центар меѓу младата популација поради добрите забави и богатиот ноќен живот. Фамилии со деца можат да уживат во разновидните содржини на сноу паркот со зимски активности – санкање, лизгање. За најмладите и почетниците кои ги прават своите први ски чекори постои обезбеден простор со ски лента која олеснува да се совладат основните ски вештини. Копаоник е познат по одличната забава која трае до раните утрински часови во некој од големиот број кафичи, барови, дискотеки, клубови и ресторани.

  • Тргнување
    08.12.2023
  • Враќање
    10.12.2023
1
08.12.2023 Скопје-Копаоник
    Состанок на групата во 06:00 часот на Дрво Декор. Поаѓање кон Kопаоник, пристигнување во Брзече-Копаоник во утринските часови. Сместување во хотел. www.kopaapartmani.co.rs.Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
 
2
09.12.2023 Копаоник
    Појадок. Факултативно заминување во центарот на Копаоник, можност за уживање во неговите природни убавини, љубителите на белиот спорт ќе уживаат и ќе ги користат удобностите на скијачкиот центар. Слободно време за кафе во познатите ресторани. Враќање во хотел во договорено време. Вечера. Ноќевање.
 
3
10.12.2023 Копаоник-Скопје
    Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности или заминување кон скијачкиот цетар - факултативно. Во попладневните часови заминување за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.
 

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

Сместување на база 2 ПП (појадок и вечера) -Hotel Apart Brzece  Превоз на наведената релација Скопје-Брзече-Скопје
  • Патничко осигурување
  • Превоз до ски центарот на Копаоник RT- 5€
  • Туристичка такса 0,85 на ден (плаќање на рецепција)
  • *Деца до 3г. (во придружба на две возрасни лица) бесплатно
  • Деца од 3 до 6 г. (во придружба на две возрасни лица) плаќаат 50 % од дадената цена
  • Користење само превоз Скопје-Копаоник-Скопје: 55 € / Еден правец 45€ Деца до 3 години бесплатно / 3-7 години плаќаат 35 €
  • Сопствен превоз се одбива 20 €
error: Content is protected !!