Македонска Тура
Битола – Крушево – Прилеп – Дојран – Струмица – Радовиш – Штип – Велес – Скопје – Маврово – Дебар – Струга – Охрид
Ден 1. БИТОЛА – КРУШЕВО – ПРИЛЕП – КАВАДАРЦИ – НЕГОТИНО – ДОЈРАН – СТРУМИЦА
Заминување кон Крушево. Патување преку Демир Хисар. КРУШЕВО: Посети: Мечкин Камен, Македониумот, гробот и спомен куќата на Тоше Проески. ПРИЛЕП: Могилата на непобедените, Споменикот на Александар Македонски, Плоштадот и Старата Чаршија. Панорамски разглед на КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ДЕМИР КАПИЈА, ДОЈРАН. СТРУМИЦА: Посета на манастирите Водоча, Вељуса. Сместување во хотел. Вечера. Разглед на градот. Ноќевање.
Ден 2. СТРУМИЦА – РАДОВИШ – ШТИП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – ТЕТОВО – ГОСТИВАР – МАВРОВО
Појадок. Заминување кон Радовиш. РАДОВИШ: Посета на црквата Св. Троица во Радовиш. ШТИП: Панорамски разглед на градот: црквата Св. Никола, Музејот. ВЕЛЕС: Панорамски разглед на спомен Костурницата, Саат Кулата, Мостот и споменикот на Гемиџиите, Споменикот на Кочо Рацин. СКОПЈЕ: Панорамски разглед на градот со водич, Посета на Црквата Св. Спас – Гробот на македонскиот јунак Гоце Делчев, Старата Скопска Чаршија, Камениот Мост, Плоштадот, Соборната Црква Св. Климент Охридски, Музејот на Македонската државност, Музејот на Холокаустот.Искачување на Водно со жичарницата од каде ќе имате можност да уживате во панорамата на Скопје. МАВРОВО: Попатно патување преку ТЕТОВО, ГОСТИВАР до Маврово. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
Ден 3. МАВРОВО – ДЕБАР – ВЕВЧАНИ – СТРУГА – ОХРИД
Појадок. Посета на пештерата “Шаркова дупка”. Заминување по кањонот на Радика со посета на еден од најубавите манастири Св. Јован Бигорски. Патувањето продолжува кон Дебар со попатна посета на Манастирот Св. Ѓорѓија Победоносец. Патување покрај Дебарското езеро и течението на реката Црн Дрим се до Вевчани. Посета на Вевчански Извори и Црквата Св. Никола. Панорамски разглед на Струга. Посета на Манастирскиот Комплекс Св. Богородица во Калишта, каде ќе ја видите и пештерската црква од 14 век. Заминување за Охрид. Сместување во хотел. Вечера. Слободно време за прошетка низ центарот на Охрид. Ноќевање.
Ден 4. ОХРИД – СВ. НАУМ – БИТОЛА
Појадок. После појадокот заминување на разглед на Охрид и сите знаменитости (Св. Софија, Амфитеатарот, Плаoшник, Самоиловата тврдина, Црквата Св. Богородица Перивлепта од 13 век, стариот дел на градот). Слободно време за прошетка и шопинг во Охрид. Заминување кон Свети Наум. Посета и разглед на манастирскиот комплекс. Слободно време за уживање во убавините на комплексот. При враќањето, посета на Неолитската населба “Заливот на коските” – Музејот на вода. Поаѓање за Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: ( Ве молиме контактирајте не)
Во цената на аранжманот Е вклучено:
– Превоз со високотуристички автобус опремен со клима уред, ТВ, ДВД, фрижидер
– Сместување во хотели со 3 и 4* според програмата на база полупансион (ПОЈАДОК-ВЕЧЕРА)
– Разгледи на културно – историските споменици според програмата
– Водич за разглед на Скопје и Охрид
– Влезници за сите наведени културно – историските споменици
– Организација и водство на патувањето
– Водич на групата за цело време на патувањето
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Пијалоци, ручек и останати неспоменати услуги
* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници
* За ова патување важат Општите услови на Т. А. Ана Турс Битола
-
Дестинација
-
Збирно местоMain City Square / Old Town
-
ТргнувањеPlease arrive by 9:15 AM for a prompt departure at 9:30 AM.
-
ВраќањеApproximately 8:30 PM.
-
Додатни информацииCasual, comfortable athletic clothing, hiking shoes, hat and light jacket.
-
ВклученоМакедонска Тура
Day 1: Departure
Day 2: Adventure Beggins
Day 3: Historical Tour
Day 3: City Tour
Day 5: Return
TOUR LOCATION
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Cras sollicitudin, tellus vitae condimentum egestas, libero dolor auctor tellus, eu consectetur neque elit quis nunc. Cras elementum pretium est.