Атина
219евра
199евра
по лице
Дочекајте ја Новата 2025 во АТИНА. Градот кој е најголем и главен град во Грција, градот кој се смета за колевка на цивилизација и демократијата. Таа е еден од најстарите градови чија историја бележи повеќе од 3400 години. Градот кој е преполн со културно – историски знаменитости на секој чекор, а ќе ве воодушеви со богатството и историјата. АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 € / 12.339.00 денари
За целосна уплата до 30.11.2024 179 € / 11.099 денари
-
Дестинација
-
Збирно местоСостанок на групата пред деловните простории
-
Тргнување28.12.2024; 20:00 часот
-
Враќање01.01.2025; во доцните вечерни часови
1
Ден 1. 28.12.2024 БИТОЛА - АТИНА
Состанок на групата пред агенцијата во 20.00 часот. Заминување кон граничниот премин Меџитлија во 20.30 часот.Обавување на гранични формалности. Патувањето продолжува кон Атина преку Лариса, Ламија. Ноќно патување со попатни одмори.
2
Ден 2. 29.12.20234 АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол или местото кое во превод значи ,,Горен град,,. Доплата за влезница факултативно.
Сместување во хотел. Слободно попладне за истражување на Атина. Ноќевање.
3
Ден 3. 30.12.2024 АТИНА – КОРИНТ- ЕПИДАУРУС- НАФПЛИОН - МИКЕНА
Појадок. По појадокот еднодневен излет до Пелопонез и областа Арголида: Посета на Коринтскиот канал (канал кој ги спојува Егејското и Јонското море), потоа посета на најакустичниот антички амифитеатар во Епидаурус. Посета на фабриката за рачна изработка на керамика и сувенири. Патувањето продолжува кон Микена, престолнината на Микенскиот владетел Агамемнон. Враќање во Атина. "Ноќевање.
4
Ден 4. 31.12.2024 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН
Доцен појадок. Ве водиме на полудневен излет долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон . ( Факултативно се доплаќа влезница). Ќе уживаме во погледот кон Егејот и археолошкиот локалитет. Враќање во Глифада. Слободно време за лични активности. Дочек на Новата 2025 на некој од Атинските плоштади во сопствена организација. "СРЕЌНА НОВА 2025 "Ноќевање.
5
5 Ден. АТИНА - МЕТЕОРИ - БИТОЛА 01.01.2025
Појадок. Заминување кон Каламбака. Патувањето продолжува покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Патување со попатни паузи. Посета на еден од познатите манастири на Метеори. Ќе уживаме во погледот и ова наречено светско чудо. Доплата за влезница во манастирот. Посета на ресторан за ручек. Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.
Во цената на аранжманот Е вклучено:
- Автобуски превоз на дадената релација според програмата
- 3 ноќевња со појадок во хотел со 4* во АТИНА
- Разглед на Атина со локален водич
- Организација, водство и реализација на аранжманот
- Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
- Задолжително патничко – здраствено осигурување: 250,оо мкд
- Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
- Грчка вечер со фолклор и музика
- Факултативна посета на Арголида-Пелопонез заедно со водич ( 35 €) градот Нафплион, Микена, Епидаурус
- Излет до Сунион со посета на храмот на Посејдон ( 20 €)
- Туристичка такса - по соба од ден, напалата на рецепција во хотел
- -Влезници за посета на локалитетите со водич (Акропол 20е, Микена 12е, Епидариус 12е, Посејдонов храм 10е)
- Доплата за еднокреветна соба 3100,оо денари
- Останати неспоменати услуги
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 € при уплата на аранжманот, освем првите 4 седишта наменети за персоналот.
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
- Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ.
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, агенцијата го задржува правото да смени дел од редоследот на одредени содржини во програмата.
Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на
организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
ВАЖНО: Агенцијата не сноси одговорност во случај, пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ.
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Грција, пасошот треба да е минимум до 3 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето. Ана Турс ќе ги проследи барањата до хотелот, но не гарантира за исполнување на истите.
Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
Ана Турс не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Организатор на патувањето е туристичката агенција Ана Турс од Битола со лиценца А (Министерство за економија).
Организаторот на патувањето располага со гаранција за патување во висина од 100.000 евра во случај на инсолвентност и во случај на надокнада за штета по договор во агенцијата.
Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.