ДОЧЕКАЈТЕ ЈА НАЈЛУДАТА НОЌ ВО ГРАДОТ НА БАЈКИТЕ! СЛОБОДЕН ИСТАНБУЛ!
Дозволете му на Истанбул да ве маѓепса! Дочек на Новата година во Слободен Истанбул – градот на бескрајните можности, волшебните светла, незаборавната забава и ноќите кои никогаш не завршуваат!
Оваа Нова година, бидете слободни, уживајте без граници и доживејте ја магијата на Истанбул!
Замислете го Истанбул облеан во илјадници светла, величествениот Босфор кој блеска под ноќното небо, улиците исполнети со музика, насмевки и празнична еуфорија… Градот кој никогаш не спие ве повикува на незаборавна новогодишна авантура!
Оваа година нека не биде само уште еден дочек – нека биде приказна што долго ќе ја раскажувате!
Ве очекуваат незаборавни моменти, прекрасни доживувања и празнична магија во еден од најубавите градови во светот!
- Истражување на магичниот Истанбул
- Откривање на знаменитостите
- Шопинг и уживање
- Магијата на Босфорот
- Новогодишна ноќ за паметење
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
Состанок на групата пред деловните простории во 17.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин МЕЏИТЛИЈА. Патување со попатни одмори преку Грција. Ноќно патување.
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Факултативни посети на:
Валенсов аквадукт – монументален аквадукт од 4 век.
Балат – шармантна населба со шарени куќи и стари еврејски квартови. Железната црква „Свети Стефан“ – уникатна православна црква изградена целосно од железо. Цариградската Патријаршија – духовен центар на православната црква.
Потоа продолжуваме кон магичниот видиковец Пјер Лоти, едно од најромантичните места во Истанбул, каде ќе ја откриеме приказната за големата, но неостварена љубов на францускиот писател Пјер Лоти. До врвот пристигнуваме со жичара, уживајќи во прекрасната панорама што се открива пред нас.Таму нè очекува незаборавен поглед кон Златниот Рог – Халич, едно од најубавите места во градот. Ќе имаме можност да уживаме во автентична турска атмосфера, со традиционално турско кафе приготвено на жар, вкусно ѓозлеме, миризлив турски чај и освежителна лимонада. Место каде што се спојуваат историјата, романтиката и вистинскиот дух на Истанбул.
Следува панорамски разглед на градот со локален туристички водич: Аја Софија (Света Софија) – симбол на зачетоците на христијанството на овие простори (разглед однадвор). Хиподромот – центар на јавниот живот во Византија.Сината џамија (Султан Ахмет) – најпознатата џамија во Истанбул со шест минариња. Посета на Капали Чаршија – најголемиот покриен пазар во светот со повеќе од 3000 дуќани (накит, кожа, антиквитети, облека...).
За сите оние кои сакаат да ја дочекаат Новата година во посебна атмосфера, нудиме можност за факултативен новогодишен дочек по ваш избор!
*Свечена новогодишна вечера во ресторан – уживање во вкусно мени, жива музика, празнична атмосфера и незаборавна забава до раните утрински часови. *Новогодишен дочек на брод по Босфорот – доживејте ја магијата на Истанбул во новогодишната ноќ, со музика, забава и спектакуларен поглед кон блескавиот град и неговите величествени знаменитости.
Ноќевање.
*Деталите за цените, програмата и организацијата на факултативниот дочек ќе бидат објавени дополнително.
Изберете го вашиот начин на прослава и доживејте незаборавна новогодишна ноќ во магичниот Истанбул!
Појадок. Факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти и мостовите на Босфор, кои го поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот. По крстарењето, продолжуваме со панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул. Автобуската екскурзија овозможува уникатно искуство на преминување од Европа кон Азија преку еден од мостовите над Босфорот. Нашата следна станица е величествената Џамија Чамлиџа (Çamlıca Camii), најголемата џамија во Турција, сместена на највисокиот рид на азиската страна од Истанбул. Овој импресивен архитектонски комплекс ќе нè воодушеви со својата монументалност, раскошната внатрешност и прекрасните детали на традиционалната османлиска архитектура.
Од нејзиниот простран двор ќе уживаме во неверојатна панорама на Истанбул, каде што се спојуваат двата континента – Европа и Азија. Место кое плени со својата убавина, духовност и величественост, оставајќи незаборавен впечаток за магијата на Истанбул.Потоа се упатуваме кон живописната населба Кадикој на азиската страна – позната по своите тесни улички, бројни кафулиња, ресторани и продавници со автентичен турски дух и модерен европски шмек. Слободно време за прошетка, кафе и уживање во локалната атмосфера.
Враќање во хотел.
Во вечерните часови, слободно време за индивидуална прошетка и уживање во празничната, новогодишна атмосфера на Истанбул. Можност за факултативна посета и доживување на првата реприза на новогодишната ноќ, со незаборавна празнична атмосфера. Враќање во хотелот и ноќевање.
Појадок. По појадокот Посета на традиционална продавница за шопинг на слатки (локуми, баклави) и разновидни масти кои помагаат за повеќе болести. Потоа се упатуваме кон Плоштад Таксим и авенијата Истиклал – најпознатата пешачка улица со продавници, ресторани и кафулиња, секогаш преполна со туристи. На крајот на авенијата се издига симболот на Истанбул – Галата кулата. Слободно време за лични активности.
Во пладневните часови поаѓање за Македонија.
Ноќно патување со попатни одмори преку Грција. Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
ВКЛУЧЕНО / НЕ Е ВКЛУЧЕНО
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- *Автобуски превоз на дадената релација според програмата
- *2 ноќевња со појадок во хотел со 3*
- *Разглед на Истанбул со професионален водич.
- *Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
- Посета на Сината џамија
- *Организација, водство и реализација на аранжманот
- *Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- *Патничко – здраствено осигурување: 200,оо мкд
- *Задолжителна доплата за туристичка такса 2€ по лице од ден
- *Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
- *Останати индивидуални трошоци
- ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
- Истите се уплаќаат за време на патувањето:
- *Посета на Балат, Железната Црква, *Патријаршијата и Пјер Лоти - 25 €
- *Плоштад Таксим-20 €
- *Посета на Кадикој-20 €
- *Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 €
- *Турска вечер – богата забава со традиционална музика, танц, настап на трбушни танчерки, вечера и неограничен пијалок. Цена: нахнадно следува.
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- *Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
- НАПОМЕНА:
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
- Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ.







