Доживеете го магичниот Истанбул- градот кој ги спојува Европа и Азија, традицијата на модерниот начин на живот. Овој уникатен град нуди богата историја, величествени градби, ориентални пазари и модерни трговски центри. За време на ова патување ќе имате можност да ги посетите најпознатите знаменитости како Аја Софија, Сината Џамија и Капали Чаршија, како и да уживате во незаборавно крстарење по Босфор.
Разглед на Истанбул со локален водич
- Уживање запознавање на градот на два континенти историја-култура-традиција
- Посета на Балат, Железната црква и Цариградската Патријаршија
- Посета на Сината Џамија, Аја Софија и Хиподромот
- Шопинг во Капали Чаршија
- Можност за крстарење по Босфор
- Посета на азискиот дел Кадиќој со Чамлиџа Џамија
- Турска вечер на брод со вечера и шоу програма
- Посета на плоштадот Таксим со улицата Истиклал
ИСТАНБУЛ за 8-ми ДЕКЕМВРИ
Посетете го единствениот град во светот на два континенти. Уживајте во убавината, културата и магијата на Истанбул.
Состанок на групата пред деловните простории во 17.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин МЕЏИТЛИЈА. Патување со попатни одмори преку Грција. Ноќно патување.
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Факултативни посети на:
Валенсов аквадукт – монументален аквадукт од 4 век.
Балат – шармантна населба со шарени куќи и стари еврејски квартови. Железната црква „Свети Стефан“ – уникатна православна црква изградена целосно од железо. Цариградската Патријаршија – духовен центар на православната црква.
Потоа продолжуваме кон магичниот видиковец Пјер Лоти, едно од најромантичните места во Истанбул, каде ќе ја откриеме приказната за големата, но неостварена љубов на францускиот писател Пјер Лоти. До врвот пристигнуваме со жичара, уживајќи во прекрасната панорама што се открива пред нас.Таму нè очекува незаборавен поглед кон Златниот Рог – Халич, едно од најубавите места во градот. Ќе имаме можност да уживаме во автентична турска атмосфера, со традиционално турско кафе приготвено на жар, вкусно ѓозлеме, миризлив турски чај и освежителна лимонада. Место каде што се спојуваат историјата, романтиката и вистинскиот дух на Истанбул.
Следува панорамски разглед на градот со локален туристички водич: Аја Софија (Света Софија) – симбол на зачетоците на христијанството на овие простори (разглед однадвор). Хиподромот – центар на јавниот живот во Византија.Сината џамија (Султан Ахмет) – најпознатата џамија во Истанбул со шест минариња. Посета на Капали Чаршија – најголемиот покриен пазар во светот со повеќе од 3000 дуќани (накит, кожа, антиквитети, облека...). Слободно време за лични активности и ручек. Ноќевање
Појадок. Факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти и мостовите на Босфор, кои го поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот. По крстарењето, продолжуваме со панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул. Автобуската екскурзија овозможува уникатно искуство на преминување од Европа кон Азија преку еден од мостовите над Босфорот. Нашата следна станица е величествената Џамија Чамлиџа (Çamlıca Camii), најголемата џамија во Турција, сместена на највисокиот рид на азиската страна од Истанбул. Овој импресивен архитектонски комплекс ќе нè воодушеви со својата монументалност, раскошната внатрешност и прекрасните детали на традиционалната османлиска архитектура. Од нејзиниот простран двор ќе уживаме во неверојатна панорама на Истанбул, каде што се спојуваат двата континента – Европа и Азија. Место кое плени со својата убавина, духовност и величественост, оставајќи незаборавен впечаток за магијата на Истанбул.Потоа се упатуваме кон живописната населба Кадикој на азиската страна – позната по своите тесни улички, бројни кафулиња, ресторани и продавници со автентичен турски дух и модерен европски шмек. Слободно време за прошетка, кафе и уживање во локалната атмосфера.
Враќање во хотел.
Во вечерните часови, можност за факултативна турска вечер со предјадење,главно јадење , десерт и пијалоци на брод, со музика, програма и традиционална забава.Ноќевање.
Појадок. По појадокот Посета на традиционална продавница за шопинг на слатки (локуми, баклави) и разновидни масти кои помагаат за повеќе болести. Потоа се упатуваме кон Плоштад Таксим и авенијата Истиклал – најпознатата пешачка улица со продавници, ресторани и кафулиња, секогаш преполна со туристи. На крајот на авенијата се издига симболот на Истанбул – Галата кулата. Слободно време за лични активности.
Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Грција. Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
Во цената е вклучено / не е вклучено:
Цената вклучува:
- Автобуски превоз според дадената релација
- Сместување во хотел со 3* на база ноќевање со појадок (шведски стол) во населбите Аксарај / Лалели
- Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул со посета на Капали Чаршија
- Посета на Сината џамија
- Водич - пратител од страна на агенцијата за цело време на патувањето
- Организација, водство и реализација на аранжманот
Не е вклучено во цената:
- Задолжително патничко осигурување
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2 евра по лице од ден
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба 50% од цената на аранжманот
- ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
- Истите се уплаќаат за време на патувањето:
- Посета на Балат, Железната Црква, Патријаршијата и Пјер Лоти - Цена 25 €
- Крстарење по Босфор 90 минути низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 €
- Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населба Кадиќој
- Турска вечер – богата забава со традиционална музика, танц, настап на трбушни танчерки, вечера и неограничен пијалок. Цена: 45 €
- Посета на плоштадот Таксим со улицата Истиклал- Цена 20 €
- ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ СО ПОПУСТ: 130 € = 120 €
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
- НАПОМЕНА:
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
- Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ.
Frequently Asked Questions
НАПОМЕНА
НАПОМЕНА:
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
- Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и НАТА.
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.










