Дубровник за денот на вљубените
Подарете си незаборавен викенд исполнет со љубов, романтика и магија во еден од најубавите градови на Јадранот – Дубровник! Уживајте во прошетки низ тесните камени улички на стариот град, прекрасните погледи кон тиркизното море, романтичните зајдисонца и посебните моменти создадени за двајца.
Оставете го секојдневието зад себе и прославете ја љубовта во градот кој плени со својата убавина, шарм и безвременска романтика.
Дубровник – затоа што најубавите спомени се создаваат заедно!
Заљубени во Дубровник
- 1Ден. 11.02.2027 Петок ( БИТОЛА-ПРИЛЕП-ВЕЛЕС-СКОПЈЕ– ОСТРОГ)
- 2 Ден 12.02.2027 Сабота (ОСТРОГ - БУДВА – ДУБРОВНИК )
- 3 Ден 13.02.2027 ( ДУБРОВНИК - МОСТАР )
- 4 Ден. 14.02.2027 (ДУБРОВНИК – КОТОР – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП - БИТОЛА)
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
Подгответе се за незаборавно романтично патување во срцето на Дубровник!
Нашата авантура започнува со пристигнувањето во овој прекрасен приморски град, каде нè очекуваат прошетки низ магичниот Стар град, откривање на неговите скриени улички, историски знаменитости и уживање во прекрасната јадранска атмосфера.
Ве очекуваат слободно време за кафе покрај море, романтични моменти, вкусна локална храна и прекрасни погледи кои ќе го направат овој викенд посебен.
Четири дена исполнети со љубов, дружење, истражување и спомени кои ќе траат засекогаш!
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Се патува кон Прилеп, Велес, Скопје преку граничниот премин Блаце. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Косово се до Будва. Патување со попатни одмори.
Пристигнување кај Манастирот Острог во утринските часови. Поклонение на моштите на Св. Василије Острошки. Слободно време за молитва. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. ПрошЕтка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе Ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Ноќевање
Појадок.После појадокот заминување кон Будва. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век.. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Албанија, Косово се до Скопје преку граничниот премин Блаце. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- *Автобуски превоз на дадената релација по програмата
- *Сместување во хотел со 4 **** на база 2 полупансиони појадок / вечера (шведски стол)
- *Организирани разгледи по програмата на Острошки Манастир, Будва, Котор и Дубровник
- *Организација и водство на патувањето
- *Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
- *Организиран трансфер од повеќе градови
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- *Влезници за посета на културно – историските споменици
- *Факултативна посета разгледи по програмата Мостар ( 40 € )-задолжителна факултатива
- *Туристичка такса и регистрација
- *Останати факултативни посети по програмата
- * Патувачко осигурување
- *Превоз до Острошки Манастир 1 еур во правец и туристичка такса за влез 1 еур по лице
- НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
- НАПОМЕНА:
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
- Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ




