БУДИМПЕШТА – БОЖИЌНА МАГИЈА НА ДУНАВ
БОЖИЌНА МАГИЈА ВО БУДИМПЕШТА И ВИЕНА
Доживејте ја најубавата празнична атмосфера во срцето на Европа! Уживајте во светлосните декорации, божиќните базари, мирисот на варено вино и празничните специјалитети, додека ги откривате прекрасните Будимпешта и Виена.
Будимпешта – величествениот Парламент, Дунав, Буда и Пешта и магичните Божиќни базари.
Виена – царскиот град на Шенбрун, Рингштрасе и најпознатите божиќни пазари.
Празнична атмосфера • Божиќни базари • Разгледување • Шопинг • Незаборавни моменти
Почувствувајте ја магијата на Божиќ во две од најубавите европски престолнини!
Што Ве очекува на ова патување?
- Божиќна магија во Будимпешта
- Најубавите празнични базари и светлосни декорации
- Посета на прекрасна Виена во празничен амбиент
- Разгледување на историските знаменитости на Будимпешта
- Празнична атмосфера, локални специјалитети и слободно време
- Време за шопинг и уживање во божиќните маркети
- Незаборавни моменти во две од најубавите европски престолнини
- Early Booking: 199 € + ваучер 2.000 денари до 31.10.2026
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
ЗИМСКА ПРИКАЗНА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА
Замислете ја Будимпешта во декември.
Историските фасади блескаат под илјадници светилки, централните плоштади се исполнети со божиќни куќички, од улиците се шири мирисот на топло варено вино и традиционални унгарски специјалитети, а Дунав ја одразува светлината на мостовите и палатите.
Во оваа посебна празнична атмосфера ве водиме на петдневно патување кое спојува три различни лица на Централна Европа.
Ќе ја почувствуваме величественоста на Будимпешта, ќе ја доживееме царската елеганција на Виена, а пред враќањето дома ќе прошетаме низ шармантните улички на Сентендре. Посебен момент е вечерното крстарење по Дунав – кога градот се осветлува и неговите најпознати знаменитости се претвораат во прекрасна ноќна панорама
Состанок на групата во 18:00 часот, со планирано поаѓање во 18:30 часот од пред Спортската сала во Битола.
Попатно собирање на патници од Прилеп, Велес, Росоман, Скопје и Куманово, доколку има пријавени патници.
Патувањето продолжува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и гранични формалности. По преминувањето на границата продолжуваме низ Србија кон Маџарска.
Ноќно патување.
Точното место и време на поаѓање од секој град ќе бидат потврдени од агенцијата најдоцна два дена пред патувањето.
БУДИМПЕШТА – ПРВ ДОПИР СО ГРАДОТ
Во утринските часови пристигнуваме во Будимпешта.
Градот нè пречекува со својата препознатлива панорама – Дунав во средината, Буда на ридовите од едната страна и елегантната Пешта од другата.
Будимпешта е град во кој историјата и современиот европски живот се испреплетуваат на секој чекор.
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА БУДИМПЕШТА СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ – 15 €
За оние кои сакаат подетално да го запознаат градот, организираме разгледување со локален водич.
Ќе ја откриеме приказната за Будимпешта и ќе ги видиме нејзините најзначајни знаменитости.
БУДА – КРАЛСКАТА ПАНОРАМА
Нашето разгледување започнува од историската страна на градот.
БУДАПЕШТАНСКИОТ ЗАМОК
На ридот над Дунав се издига комплексот на Будапештанскиот замок – место од кое со векови се управувало со градот и регионот.
Од височината се отвора прекрасен поглед кон Дунав и Пешта.
РИБАРСКИОТ БАСТИОН
Една од најпрепознатливите точки во Будимпешта.
Белите кули, аркадите и терасите изгледаат како да се создадени за зимска разгледница.
Од овде се отвора еден од најубавите погледи кон Парламентот и Дунав.
ЦРКВАТА МАТИЈАШ
Во непосредна близина се наоѓа црквата Матијаш, еден од најзначајните историски храмови во градот.
Нејзината архитектура и карактеристичниот покрив се дел од препознатливата панорама на ридот на Буда.
ПЕШТА – ЕЛЕГАНТНОТО ЛИЦЕ НА БУДИМПЕШТА
По историската Буда продолжуваме кон Пешта.
ПАРЛАМЕНТОТ
Еден од највпечатливите симболи на Будимпешта.
Изграден директно покрај Дунав, со својата монументална фасада и купола претставува една од најпрепознатливите згради во Европа.
БАЗИЛИКАТА „СВЕТИ СТЕФАН“
Импозантен храм посветен на првиот крал на Унгарија и едно од најзначајните места во центарот на градот.
УНГАРСКАТА ДРЖАВНА ОПЕРА
Ќе поминеме покрај прекрасната зграда на операта, една од архитектонските гордости на Андраши авенијата.
ПЛОШТАДОТ НА ХЕРОИТЕ
Монументален плоштад кој ја раскажува приказната за најзначајните личности од унгарската историја.
СИНЏИРНИОТ МОСТ
Еден од најпознатите симболи на градот и историската врска меѓу Буда и Пешта.
БУДИМПЕШТА ВО БОЖИЌЕН СЈАЈ
По разгледувањето следува слободно време за уживање во празничната атмосфера.
Божиќните пазари во Будимпешта се едно од најубавите доживувања во овој период од годината.
На плоштадите ќе најдете:
Рачно изработени подароци
Празнични украси
Топло варено вино
Традиционални специјалитети
Слатки и десерти
Празнична музика
Време за прошетка, фотографии, шопинг и уживање без брзање.
СМЕСТУВАЊЕ
Во попладневните часови следува сместување во хотел.
По краток одмор продолжуваме со вечерната програма.
ВЕЧЕРНО КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ – 25 €
БУДИМПЕШТА ПОД ЅВЕЗДИТЕ
Кога ќе се стемни, Будимпешта добива сосема нов лик.
Од палубата на бродот ќе пловиме по Дунав и ќе го гледаме градот осветлен во неговиот најимпресивен вечерен изглед.
Пред нас ќе се појават:
Парламентот
Будапештанскиот замок
Рибарскиот бастион
Црквата Матијаш
Синџирниот мост
Елизабетиниот мост
Мостот на слободата
Светлата се огледуваат во водата, а мостовите и историските градби создаваат панорама која едноставно треба да се доживее.
Ова е еден од оние моменти кога камерата е полна со фотографии, а човекот едноставно стои и гледа.
По крстарењето – враќање во хотел.
Прво ноќевање во Будимпешта.
Појадок.
Денес нè очекува целодневна посета на Виена.
ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО ВИЕНА – 45 €
Поаѓаме кон австриската престолнина – град на цареви, дворци, музика и вековна европска култура.
Виена во декември е посебно доживување.
Историските градби се украсени со празнични светилки, плоштадите се исполнети со божиќни куќички, а целиот центар има атмосфера на голема зимска прослава.
ПАНОРАМСКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ
Ќе поминеме покрај:
Австрискиот парламент
Градското собрание
Бургтеатарот
Хофбург
Виенската државна опера
Ќе ја следиме Рингштрасе – еден од најрепрезентативните градски булевари во Европа.
ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР
Следува пешачка прошетка низ срцето на Виена.
Ќе ги видиме:
Катедралата „Свети Стефан“
Плоштадот „Свети Стефан“
Грабен
Колмаркт
Овде ќе почувствуваме како изгледа Виена кога нејзината царска архитектура ќе се спои со модерната празнична атмосфера.
БОЖИЌЕН СЈАЈ НА ВИЕНА
Следува слободно време за уживање.
Можност за:
Традиционално виенско кафе
Виенски десерти
Празничен шопинг
Посета на божиќните пазари
Фотографии во украсениот центар
Во попладневните или вечерните часови поаѓање назад кон Будимпешта.
Пристигнување во хотел.
Второ ноќевање во Будимпешта.
Појадок и одјавување од хотелот.
Го напуштаме Будимпешта со багажот и продолжуваме кон Сентендре.
Не се враќаме повторно во Будимпешта – по посетата на Сентендре продолжуваме директно кон Македонија.
СЕНТЕНДРЕ
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА – 20 €
На брегот на Дунав се наоѓа Сентендре – мало гратче со голем шарм.
Тесните калдрмисани улици, шарените куќи, малите плоштади и уметничките галерии создаваат сосема поинаква атмосфера од големата Будимпешта.
Сентендре е место за бавна прошетка и уживање.
Ќе имаме време за:
Уметнички галерии
Стари улички
Сувенири и ракотворби
Кафе во локално кафуле
Традиционални слатки
Фотографии
Ова е нашата последна станица во Унгарија пред да тргнеме кон дома.
ДИРЕКТНО КОН МАКЕДОНИЈА
По посетата на Сентендре продолжуваме директно кон Македонија, без дополнително враќање во Будимпешта.
Следува ноќно патување преку Србија.
Предвидени се паузи за одмор и освежување.
Ноќно патување кон Македонија.
Во утринските или претпладневните часови пристигнуваме во Македонија.
Патниците се симнуваат по следниот редослед:
Скопје → Велес → Росоман → Прилеп → Битола
Со пристигнувањето во Битола завршува нашето зимско патување.
Но зад нас остануваат:
Светлата на Будимпешта
Панорамското крстарење по Дунав
Царската Виена
Шармантното градче Сентендреа
и убавите празнични спомени.
ВКЛУЧЕНО / НЕ Е ВКЛУЧЕНО
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на целата релација
- 2 ноќевања во 3+ во Будимпешта
- 2 појадоци
- Туристички придружник за време на целото патување
- комплетна организација и реализација на програмата
- Програмска посета на празничните локации и божиќните пазари согласно програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Патувачко осигурување – 300 денари
- Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич – 15 €
- Вечерно крстарење по Дунав – 25 €
- Факултативна екскурзија до Виена – 45 €
- Задолжителна посета на Сентендре – 20 €
- Влезници за музеи, дворци, цркви и други објекти кои не се наведени како вклучени
- Доплата за еднокреветна соба 110 €
- Избор на конкретно седиште во автобус 20 €
- Лични трошоци и услуги кои не се наведени во програмата



















