Атина • Миконос • Кушадаси • Патмос • Родос • Санторини
23.11-27.11.2026
Доживејте го магичниот Егеј како никогаш досега!
Пет дестинации – едно незаборавно крстарење!
Откријте ја магијата на Егејското Море и посетете некои од најубавите острови на Грција и Турција. Очекуваат ве романтичниот Миконос, историскиот Родос, духовниот Патмос, шармантното Кушадаси и спектакуларниот Санторини
Уживајте во прекрасните пејзажи, медитеранската атмосфера и комфорот на бродот Celestyal Discovery!
Дозволете му на морето да ве одведе на патување кое ќе го паметите цел живот.
Нов крузер Celestyal Discovery
- 5 спектакуларни дестинации
- Македонија-Атина
- Лаврио-Миконос
- Кушадаси-Патмос
- Родос
- Санторини
- Панорамски разглед на Атина
- Полн пансион ( појадок, ручек, вечера)
- Автобуски превоз од Македонија
- Бесплатен Basic Wi-Fi
- Пристанишни такси вклучени
Програма на патувањето
Започнете незаборавна авантура низ Егејското Море
Во текот на ова петдневно патување ќе ги посетите најпознатите бисери на Грција и Турција. Ќе крстарите со современиот крузер Celestyal Discovery, ќе уживате во удобноста на бродот, прекрасните острови, медитеранската кујна и богатата забавна програма.
Во програмата се вклучени посетите на Миконос, Кушадаси, Патмос, Родос, Санторини, како и панорамски разглед на Атина со локален водич.
Подолу следува деталната програма по денови.
Состанок на групата и организирано поаѓање со туристички автобус од Битола и договорените места. Ноќно патување преку Грција кон пристаништето Лаврио, во близина на Атина.
Пристигнување во пристаништето Лаврио. По завршувањето на пристанишните формалности, качување на бродот Celestyal Discovery и сместување во кабините.
11:00 – Испловување од Лаврио.
16:00 – Пристигнување на Миконос, еден од најпознатите и најшармантни грчки острови.
Слободно време за прошетка низ главниот град Хора, со неговите бели куќички, тесни улички, познатите ветерници и романтичната област Little Venice.
23:00 – Испловување кон следната дестинација.
07:00 – Пристигнување во Кушадаси, Турција.
Можност за индивидуална прошетка или факултативна екскурзија до античкиот град Ефес, еден од најзначајните археолошки локалитети во регионот.
12:30 – Испловување кон Патмос.
16:00 – Пристигнување на Патмос, остров со посебно духовно и историско значење.
Можност за посета на манастирот „Св. Јован Богослов“ и пештерата на Откровението.
21:00 – Продолжување на крстарењето.
07:00 – Пристигнување на Родос, еден од најубавите грчки острови.
Слободно време за истражување на средновековниот стар град, кој е под заштита на UNESCO. Прошетка низ познатата Улица на витезите, историските плоштади и живописните улички.
Можност за посета на Палатата на Големиот магистер.
По желба, факултативна посета на живописното село Линдос, познато по белите куќички и античкиот Акропол.
18:00 – Испловување.
07:00 – Пристигнување на Санторини – остров со уникатен вулкански пејзаж, бели куќички, сини куполи и неверојатни погледи кон Егејското Море.
Можност за посета на главниот град Фира и познатото село Оја.
Слободно време за прошетка, фотографирање, кафе и уживање во прекрасната атмосфера на островот.
20:00 – Испловување кон Атина.
Напомена: Искрцувањето на Санторини се врши со помошни чамци и зависи од временските и морските услови.
06:00 – Пристигнување во пристаништето Лаврио и искрцување од бродот.
По завршувањето на пристанишните формалности, заминување кон Атина, каде што ќе следува панорамско разгледување на грчката престолнина со локален лиценциран туристички водич.
За време на разгледувањето ќе ги запознаеме најзначајните знаменитости на Атина:
*Акропол и Партенон – симболите на античка Грција
*Плоштадот Синтагма и зградата на Парламентот
*Споменикот на Незнајниот јунак и смената на претседателската гарда
*Панатенаичкиот стадион – местото на првите модерни Олимписки игри
*Националната библиотека и Академијата на Атина
*Поглед кон историскиот центар и најпознатите градски авении
По разгледувањето, слободно време за кафе, фотографии и кратка прошетка во центарот на Атина.
Во договорено време продолжување на патувањето со туристички автобус кон Македонија.
Пристигнување во Битола во вечерните часови, со незаборавни спомени од нашето егејско крстарење!
- Факултативни екскурзии и дополнителни разгледувања организирани од бродската компанија или локалните партнери.
- Услуги во салонот за убавина и Spa центарот.
- Медицински услуги на бродот.
- Влезници за музеи, археолошки локалитети и други знаменитости.
- Индивидуални или групни трансфери на копно, освен оние што се изречно наведени како вклучени во пакетот.
- Пијалаци и дополнителни услуги надвор од вклучениот пакет.
- Лични трошоци и други услуги кои не се наведени како вклучени.
- Потребен е валиден патен документ со важност најмалку од 6 месеци од денот на завршувањето на патувањето
- Распоредот на пристигнување и испловување е според официјалниот распоред на Celestyal.
- Факултативната екскурзии ќе бидат понудени со посебна програма и цени.
- Условите за резервација, плаќање и откажување ќе бидат наведени при конечната понуда.
ВКЛУЧЕНО/НЕ Е ВКЛУЧЕНО
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО
- Организиран автобуски превоз на релација Битола – Лаврио (Атина) – Битола.
- • Крстарење со бродот Celestyal Discovery.
- • 4 ноќевања / 5 дена на бродот, во избрана категорија кабина.
- • Сместување во внатрешни или надворешни кабини, согласно избраниот тип и важечкиот ценовник.
- • Полна пансионска услуга на бродот: појадок, ручек и вечера.
- • Безалкохолни пијалаци – газирани и негазирани пијалаци, сокови, филтер кафе и чај за време на оброците, согласно бродскиот пакет.
- • Организирана прошетка низ старата чаршија на Кушадаси со претставник на ANA TOURS.
- • Пристанишни такси и задолжителни бродски бакшиши – вклучени во цената.
- • Бесплатен основен Wi-Fi на бродот.
- • Дневни и вечерни активности, анимација, забавни програми, претстави и музички програми во баровите.
- • Организирани активности на бродот, како јога, танц и други рекреативни содржини.
- • Користење на базенот (согласно временските услови), фитнес-центарот и сауната.
- • Придружба од претставник на ANA TOURS за време на патувањето.
- СПЕЦИЈАЛЕН БЕНЕФИТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 10.11.2026!
- Резервирајте го вашето крстарење со CELESTYAL DISCOVERY и добијте:
- ВАУЧЕР ОД 2.000 ДЕНАРИ!
- • Ваучерот можете да го искористите при вашето следно повеќедневно патување во организација на ANA TOURS INTERNATIONAL.
- • Ваучерот не може да се комбинира со други промоции и попусти.
- • Резервирајте навреме – вашето следно патување започнува со дополнителен подарок!
- ANA TOURS INTERNATIONAL – BITOLA
- YOUR TRAVEL PARTNER SINCE 1989
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО
- • Патничко здравствено осигурување.
Frequently Asked Questions
ЗОШТО ДА ПАТУВАТЕ СО ANA TOURS?
⭐ 37 години традиција (од 1989 година)
⭐ Организиран превоз од Македонија
⭐ Претставник на ANA TOURS во текот на целото патување
⭐ Лиценцирани локални водичи
⭐ Внимателно избрана програма и проверени партнери
⭐ Сигурна организација и професионална поддршка пред и за време на патувањето


