3 ДЕНА • 7 ВПЕЧАТЛИВИ ДЕСТИНАЦИИ • ЕДНО НЕЗАБОРАВНО ПАТУВАЊЕ
ПАТУВАЊЕ НИЗ БОГАТОТО МИНАТО И ПРЕКРАСНИТЕ ПЕЈЗАЖИ НА ЕГЕЈОТ
Откријте едно поинакво есенско патување исполнето со античка историја, импресивни археолошки локалитети, природни убавини и прекрасни глетки. Во само три дена ќе ги посетиме Ајга – древниот кралски центар, спектакуларната Пештера Алистрати, живописната Кавала, светото место на Света Лидија, антички Филипи, Пела – престолнината на античка Македонија и Воден со неговите познати водопади.
Состанок на групата во Битола во 07:00 часот. Поаѓање кон Грција преку граничниот премин Меџитлија – Ники, со попатни паузи и задржување за граничните формалности.
АЈГА – ВЕРГИНА
Пристигнување во Ајга – Вергина, древниот кралски центар на античка Македонија и едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Грција.
Можност за посета на Кралските гробници на Ајга, каде се наоѓаат монументалните подземни гробници и богатите археолошки наоди од македонскиот кралски период.
Ќе имаме можност да ги видиме:
- Гробницата на Филип II, таткото на Александар III Македонски
- Познатите антички фрески, меѓу кои и композицијата „Грабнувањето на Персефона“
- Златните погребни предмети и кралските артефакти
- Оружје, оклопи и предмети од кралските гробници
- Богатата археолошка колекција поврзана со кралското семејство и древната Ајга
По разгледот продолжување кон Пештера Алистрати.
ПЕШТЕРА АЛИСТРАТИ
Посета на една од највпечатливите пештери во Грција. Ќе имаме можност да го истражиме величествениот подземен свет исполнет со сталактити, сталагмити и уникатни природни форми создавани илјадници години.
По посетата продолжување кон Кавала.
КАВАЛА
Пристигнување во Кавала и сместување во хотел во Кавала или околината, согласно хотелските правила.
Ноќевање.
Појадок.
Утринско заминување од Кавала кон областа на древните Филипи.
ЦРКВА И КРСТИЛНИЦА „СВЕТА ЛИДИЈА“
Посета на светото место посветено на Света Лидија. Црквата и крстилницата се наоѓаат покрај реката Зигактис, во непосредна близина на античките Филипи.
ФИЛИПИ
Продолжување кон археолошкиот локалитет на античките Филипи – град со исклучително значење за историјата на регионот.
Разглед на античкиот град и можност за посета на археолошкиот музеј во рамките на факултативниот пакет.
По разгледите враќање во Кавала.
КАВАЛА – ОРГАНИЗИРАН РАЗГЛЕД
Прошетка низ еден од најубавите крајбрежни градови, со запознавање со неговиот стар град и најпознатите места:
- Тврдината и панорамските погледи
- Камарес – познатиот аквадукт
- Црквата „Св. Никола“
- Старото маало Панагија
- Пристаништето и крајбрежната зона
Слободно време за кафе, ручек, индивидуални прошетки и уживање во атмосферата на Кавала.
Ноќевање.
Појадок.
Одјавување од хотелот согласно хотелските правила и заминување кон Пела – еден од најзначајните градови на античка Македонија.
ПЕЛА
Посета на археолошкиот локалитет и можност за посета на музејот. Пела била престолнина на античкото македонско кралство и родно место на Александар III Македонски. Разгледот е дел од факултативниот пакет.
Потоа продолжување кон Воден – град познат по своите прекрасни водопади и зелениот амбиент.
ВОДЕН / ЕДЕССА
Слободно време за прошетка до познатите водопади, уживање во природата, кафе или ручек во центарот на градот.
По завршувањето на слободното време, продолжување кон Битола преку граничниот премин Ники – Меџитлија.
Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ШТО Е ВКЛУЧЕНО / НЕ Е ВКЛУЧЕНО
Во цената е вклучено
- Автобуски превоз на според дадената програма
- 2 ноќевања во 3* хотел во Кавала
- 2 појадоци – шведска маса
- Организиран разглед и прошетка низ Кавала
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената НЕ е вклучено
- Задолжително патничко и здравствено осигурување (200 денари)
- Туристичка / Climate Resilience Tax, која се плаќа директно во хотелот
- Останати индивидуални и неспоменати трошоци
- ФАКУЛТАТИВЕН ПАКЕТ – ПЕТ АТРАКЦИИ
- За патниците кои сакаат целосно да ја доживеат програмата, предвиден е факултативен пакет кој ги опфаќа најзначајните историски и природни знаменитости на патувањето.
- АЈГА – ВЕРГИНА
- Посета на Кралските гробници и музејскиот комплекс, со можност да се видат гробницата на Филип II, прочуените антички фрески, златните погребни предмети, оружјето, оклопите и другите кралски артефакти.
- ПЕШТЕРА АЛИСТРАТИ
- Посета на една од најимпресивните пештери во Грција, со величествени сталактити, сталагмити и уникатни природни форми создавани илјадници години.
- ЦРКВА И КРСТИЛНИЦА „СВЕТА ЛИДИЈА“
- Посета на светилиштето посветено на Света Лидија, покрај реката Зигактис, со црквата и познатата отворена крстилница покрај реката.
- АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ ФИЛИПИ
- Разглед на античкиот град Филипи – значаен археолошки локалитет со остатоци од античкиот театар, форумот, базиликите и другите монументални градби, местото каде бил затворен Апостол Павле.
- АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ И МУЗЕЈ ВО ПЕЛА
- Посета на Пела, престолнината на античкото македонско кралство, со археолошкиот локалитет и музејот, познат по прекрасните антички мозаици и богатите археолошки наоди.
- ЦЕНА НА ФАКУЛТАТИВНИОТ ПАКЕТ: 90 € по лице
- Во цената се вклучени сите наведени влезници, водич за Ајга и Филипи, како и организирана реализација на посетите.
