Евиа 2026 – Море, Сонце и ALL INCLUSIVE

5 Days

ЕВИА -3 ALL

Подарете си незаборавно лето во Грција!

Одморете се на прекрасните плажи на островот Евиа, уживајте во 4★ хотел со ALL INCLUSIVE услуга

ЕВИА 2026 – ALL INCLUSIVE

Ден 1 :
Битола - ЕВИА 26.08.2026

Состанок со групата во 23:30, тргнување за Евиа во  23:45 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија, со попатни паузи и застанувања за царински формалности.

Ден 2 :
ЕВИА 27.08.2026

Пристигнување на островот Евиа во претпладневните часови.

Сместување во хотелот околу 14:00 часот.

Започнување со користење на услугите на хотелот на база ALL INCLUSIVE.

Уживање на прекрасната песочна плажа, базените и хотелските содржини.

Ноќевање.

Ден 3 :
ЕВИА 28.8.2026

Појадок. Факултативен излет до Атина. Патување до Атина. По пристигнувањето  во Атина, одиме на разглед на главниот град на Грција со локален водич: посета на плоштадот Синтагма, Домот на Парламентот, Споменикот на непознатиот војник, Атинската академија, Универзитетот, Националната библиотека и Адријанот лак. Ќе поминеме поминеме покрај храмот на Олимпиј Зевс и посетиме стадионот Панатинаик каде што се одржаа првите Олимписки игри од модерната ера во 1896 година. На Акропол посетете ги архитектонските ремек-дела од златното доба на Атина: Пропилеја, Храмот на Атина Ника, Ерехтеон и на крајот „хармонијата меѓу материјалот и Партенон“. Слободно време за прошетка низ стариот дел на Атина познатата Плака, место богато со традиционални таверни , мали улички и продавници за сувенири. Враќање кон Евиа и нашиот хотел и време за уживање и лични активности.

Ноќевање.

Ден 4 :
ЕВИА 29.08.2026

Слободен ден за лични активности и уживање во тиркизното море, и  хотелската понуда на база се вклучено. Ноќевање.

Ден 5 :
ЕВИА – МЕТЕОРИ – БИТОЛА 30.08.2026

По појадокот напуштање на хотелот.

Патување кон Македонија со попатна посета на величествените Метеори.

Посета на еден од активните православни манастири.

По слободното време продолжување кон Македонија.

Пристигнување во вечерните часови.

You can send your enquiry via the form below.

Евиа 2026 – Море, Сонце и ALL INCLUSIVE
8% Off
From €369 €339
/ Adult
From €169 €159
/ Child
From €339
/ Актуелни понуди