Top
 

Божиќна термална авантура – Словенија, Австрија и Хрватска

Божиќна термална авантура – Словенија, Австрија и Хрватска

289евра 269евра по лице

Овој пакет комбинира релаксација во термалните базени, спа третмани и културни доживувања во историски градови на Словенија, Австрија и Хрватска.

Искористете ја магијата на зимските денови и уживајте во празничната атмосфера на Божиќните маркети.

Цена на аранжманот: 289 €

Цена при уплата до 31.10.2025: 269 €

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен минимум 40 патници
  • За факултативните посети минимум 25 патници
  • Краен рок за пријавување: 15.11.2025
  • Аранжманот се реализира според општите услови на СКТМ и  Т.А. „Ана Турс Инт.“ – Битола

 

За резервации и информации:
047 203 580 или во нашите деловни простории во комплексот Безистен

  • Тргнување
    05.12.2025
  • Враќање
    09.12.2025
1
Ден 1: Битола – Терме Виват
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 16:00 часот. Поаѓање кон Словенија преку Србија и Хрватска со удобен автобус. Патувањето ќе има попатни одмори за освежување и уживање во зимските пејзажи. Ноќното патување овозможува пристигнување свежи за релаксирачкиот почеток на вашата авантура.
2
Ден 2: Терме Виват – релакс и уживање 06.12.2025
Пристигнување во хотелот во претпладневните часови. По сместувањето, следува слободно време за лични активности.Хотел Терме Виват 5 * нуди:
  • Термални базени со лековити води, идеални за релаксација.
  • Спа центар со сауни, парни бањи и опуштачки третмани.
  • Пространи и модерно уредени соби со поглед кон природата.
  • Вкусна вечера во хотелскиот ресторан.
Слободното време можете да го искористите за првото нуркање во базените или прошетка околу хотелот. Ноќевање.
3
Ден 3: Факултативна целодневна екскурзија – Грац, Австрија
Појадок во хотелот. Факултативна целодневна екскурзија до Грац, град со богата културна и историска понуда,прекрасен и живописен град сместен покрај реката Мура, на околу 120 км од Терме Виват. Пристигнувањето во градот започнува со посета на Кунстхаус Грац, познат и како Музеј на уметност во Грац. Овој музеј, изграден по повод прогласувањето на Грац за Европска престолнина на културата во 2003 година, стана вистинско архитектонско обележје. Следува прошетка до Schlossberg, рид во центарот на градот обиколен со шума, кој денес претставува јавен парк. Од таму се открива прекрасен панорамски поглед на целиот Грац, идеален за фотографии и прошетки. Потоа следи краток фото-стоп кај Murinsel, уникатна пловечка платформа среде реката Мура, дело на нјујоршкиот уметник Вито Акончи, создадена по повод Европската престолнина на културата во 2003 година.  После културните разгледи и уживањето во архитектонските убавини на Грац, следува слободно време за ручек и прошетка во центарот на градот. Денот продолжува со посета на Божиќните маркети низ градот, прекрасно украсен исполнувајќи ги сите сетила за кои патниците ќе се сеќаваат уште долго време.
4
Ден 4: Факултативна полудневна екскурзија – Марибор, Словенија 08.12.2025
По појадокот во хотелот, групата ќе се упати кон Марибор, втор по големина град во Словенија, сместен на околу 60 км од Терме Виват. Градот плени со својата шармантна архитектура, културно наследство и пријатна атмосфера. Разгледот започнува со прошетка низ Плоштадот на генералот Маистра, а потоа се посетува Покраинскиот музеј, сместен во Градскиот дворец, кој нуди увид во историјата и традицијата на регионот. Следува прошетка покрај Фрањевачката црква, Плоштадот Леона Штукља и Сломшковиот Плоштад, како и разглед на Катедралата Св. Јован Крстител, која датира од 12. век. Марибор нуди и уникатни знаменитости како Жидовската кула и Синагогата, кои го раскажуваат богатото културно минато на градот. Денот кулминира со посета на најстарата лозa на светот – Plava Žametovka, впишана во Гинисовата книга на рекорди, симболизирајќи ја винската традиција и културното наследство на Марибор-Похорје. По разгледот, групата се враќа во хотелот Терме Виват, каде следува релаксација во термалните базени, вечерта завршува со вечера и ноќевање. Полу дневната екскурзија нуди комбинација од културни и историски доживувања, убави градски пешачки патеки и локален колорит, идеална за љубителите на историјата и архитектурата.
5
Ден 5: Терме Виват – Загреб – Битола 09.12.2025
После појадокот, ги напуштаме Терме Виват и заминување кон Загреб, главниот град на Хрватска, познат по својот шарм, културно наследство и празнична магија. Разгледот започнува со прошетка низ Плоштадот Бан Јелачич, централното срце на градот, каде се чувствува живописната енергија на градот.Следи посета на пазарот Долац, каде можат да се видат свежи локални производи и традиционални специјалитети. Продолжува разгледот на Катедралата на Загреб и Камена Врата, а прошетката го води и до Плоштадот Свети Марко и Кулата Лотршчак, кои ја раскажуваат историјата на градот.Најголема атракција во овој период се Божиќните маркети на Загреб, сметани за едни од најубавите во Европа. Групата ќе ужива во празничната атмосфера, ќе се прошета меѓу украсените штандови, ќе вкуси локални деликатеси и топли пијалоци, и ќе се воодушеви од светлечките украси кои го создаваат магичниот дух на празниците.По разгледот и прошетката низ Божиќните маркети, групата продолжува кон Македонија, со кратки попатни одмори за освежување.Пристигнување во Битола во раните предпладневните часови, исполнети со незаборавни спомени од културните и празнични доживувања.

TOUR LOCATION

Sorry, the comment form is closed at this time.

  • Превоз  од Битола, Прилеп , Росоман, Велес, Куманово и Скопје со комфорно возило на дадената релација
  • Хотелско сместување  5* на база 3 полупансиони (појадок и вечера – шведски стол)
  • Користење на спа и термални базени, сауните
  • Разглед на Загреб со локален водич GRATIS
  • Организација и водство од агенцијата
  • Патувачко осигурување (250 ден)
  • Туристичка такса се плаќа на рецепцијата на хотелот при пријава
  • Факултативна целодневна посета на Грац со локален водич (50 €)
  • Факултативна полудневна посета на Марибор со локален водич (15 €)
Пакет факултативни посети:
  • Грац и Марибор – 60 €
error: Content is protected !!