Top
 

БУДИМПЕШТА и ВИЕНА 8-ми Декември

БУДИМПЕШТА и ВИЕНА 8-ми Декември

199евра 159евра по лице

Зошто да ги посетите Будимпешта и Виена?

Два величествени града, полни со историја, архитектура и празнична магија.

  • Будимпешта – градот на бањите, мостовите и раскошната архитектура
  • Виена – градот на царските палати, музика и Christmas Markets

Со крстарење по Дунав, Christmas Markets, шопинг во трговски центри и празнични пазари, ова патување е вистинска бајка за сите сетила .

Цена на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4
  • ️ Посета на трговскиот центар Арена
  • ‍ Туристички придружник за време на целото патување
  • Организиран превоз од Битола, Прилеп, Росоман, Велес и Скопје

Цена на аранжманот не вклучува:

  • Задолжителен разглед на Будимпешта со водич (15 €)
  • Факултативно крстарење по Дунав (25 €)
  •  Факултативна посета на Виена (40 €)
  • Факултативна посета на Сент Андреа – задолжителна за сите патници (20 €)
  • Патничко и здравствено осигурување (200 мкд)
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба (4.800 мкд)
  • Туристичка такса 10 € по лице (се плаќа во автобус)
  • Влезници за сите посети не се вклучени

Попусти и доплати:

  • Деца до 2,99 г.: само 50 € за превоз (без легло)
  • Деца 3–11,99 г.: полна сума, попуст само на факултативи

 

 

ℹ️ НАПОМЕНИ:
✔️ За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 40 платежни патници по автобус

✔️ Агенцијата го задржува правото да го менува редоследот на посетите ако тоа е потребно поради временски

или други причини.

✔️ Резервација со 30% аванс и копија од пасош, доплата 10 дена пред поаѓање.

✔️ Дадените цени се во евра, уплата е исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62 мкд.

✔️ За избор на седиште се доплаќа 20 € освем првите 4 седишта кои се наменети за персоналот.

✔️ За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. „АНА ТУРС ИНТ.“ – Битола

 

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
➡️ 30 % уплата при резервација а остатокот 10 дена пред поаѓање
➡️ На 6 рати преку Јуте Кредити – аплицирање директно во агенцијата

 

 

 

За подетални информации и резервации: 047 203 580

или во нашите деловни простории во комплексот Безистен

 

  • Тргнување
    05.12.2025
  • Враќање
    09.12.2025
1
Ден 1 – 05.12 (петок) | Поаѓање од Македонија – Будимпешта
Собирање на групата на договорени локации:Битола, Прилеп, Росоман, Велес,Куманово и Скопје
  • Поаѓање во вечерните часови за Будимпешта.
  • Ноќно возење со попатни паузи за одмор .
Совет: Уживајте во возбудата на патувањето, разговорите со патниците и првите впечатоци од магичните градови.
2
Ден 2 – 06.12 (сабота) | Будимпешта – Град на бањите и архитектурата
По пристигнувањето започнуваме со разглед на градот, полн со историски и архитектонски бисери:
  • Плоштадот на Хероите – симбол на храброста и историјата на Унгарија.
  • Унгарскиот Парламент – третата најголема зграда во светот, со готско-неоренесансен раскош и фасада која се огледува во  Дунав.
  • Базиликата Св. Стефан – најголемата црква во Будимпешта со панорамски 360°  поглед од куполата.
  • Мостот Сечени и Плоштадот Елизабета – историско и модерно споено, совршено за  фотографии.
  • Замокот Буда / Кралската Палата – музеј кој оживува приказни од Австро-Унгарската империја.
  • Црквата Матијаш и Рибарската Тврдина – историски бисери со спектакуларен поглед на Дунав.
Сместување во хотел 4 .Вечерно крстарење по Дунав, со блескави светла и романтична атмосфера.Слободно време за Christmas Market  – магична атмосфера, греани пијалаци и уникатни сувенири. Ноќевање.
3
Ден 3 – 07.12 (недела) | Факултативна посета на Виена
Појадок во хотелот 4★ и подготвени за нови авантури:
  • Рингштрасе – главната улица на Виена, полна со историја и шопинг.
  • Катедралата Св. Стефан – готски бисер и симбол на градот.
  • Бург Театар и Музејскиот кварт – културни центри и уметнички доживувања.
  • Палатата Хофбург и Белведере – царски приказни оживеани низ салоните и дворовите.
  • Градското Собрание, Парламент и Опера – архитектонски бисери и магични панорами.
Christmas Market во Виена – празнични светла, локални специјалитети и грејани пијалоци.Враќање во хотел. Ноќевање
4
Ден 4 – 08.12 (понеделник) | Будимпешта – Сент Андреа – Македонија
По појадокот, факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа:
  • Сент Андреа – зачувана стара архитектура и автентична атмосфера.
  • Народни ракотворби и галерии – традиција и култура на секој чекор.
  • Винотеки и рибни ресторани – дегустација на локални вкусови.
По разгледот, враќање кон Македонија со попатни одмори и гранични формалности и  пристигнување во Македонија во утринските часови на 09.12 (вторник).Совет: Наполнете ги мобилните со фотографии, купете сувенири и запомнете ја магијата на празнична Будимпешта!
5
Ден 5 – 09.12 (вторник) | Македонија
Пристигнување во Македонија во претпладневните  часови.

TOUR LOCATION

Sorry, the comment form is closed at this time.

error: Content is protected !!