Top
 

ИСТАНБУЛ ЗА НОВА ГОДИНА 2025 / 2026

ИСТАНБУЛ ЗА НОВА ГОДИНА 2025 / 2026

199евра 159евра по лице

ИСТАНБУЛ ЗА НОВА ГОДИНА 2025 / 2026

Градот што ги спојува два континенти и илјадници приказни!

 

Датум: 30.12.2025 – 03.01.2026
Цена на аранжманот: 199 € / 12.340 мкд
Промо цена при резервација до 15.11.2025: 159 € / 9.858 мкд со задолжителна факултатива од 70 еур.

Зошто баш Истанбул за Нова Година?

Ако постои град кој умее да го спои минатото и модерното, источниот дух со европската елеганција, тогаш тоа е Истанбул.
Град на два континенти, каде што секој агол раскажува историја, секоја улица има мирис на ориент, а секој поглед кон Босфорот носи чувство на магија.

Во Истанбул ќе прошетате по истите камења по кои чекореле султани и цареви, ќе пиете кафе со поглед на две земји, ќе ги слушнете звуците на џамиите и ќе ја почувствувате енергијата на метропола што никогаш не спие.
А кога ќе се запалат светлата за дочек на Нова Година на Босфорот, со огномет над мостовите – ќе разберете зошто Истанбул е град во кој се враќаме повторно и повторно.

Цена на аранжманот: 199 €
Промо цена за уплата до 20.11.2025 =159 €
Цена на аранжманот вклучува:
• Автобуски превоз со туристички автобус
• 3 ноќевања со појадок во хотел 3★
• ️ Посета на трговскиот центар – Outlet 212
• ‍ Туристички придружник за време на целото патување
• Организaција и водство на патувањето

Цена на аранжманот не вклучува:

  • Задолжителен разглед на Истанбул со водич – 10 €
    Факултативно крстарење по Босфорот – 25 €
    Факултативна посета „Ноќен Истанбул“ (Таксим и Ортакој) – 20 €
    Посета на Европски и Азиски Истанбул (Кадикој) – 20 €
    Дочек на Новата 2026 на брод на Босфорот – (информација дополнително)
    Посета на Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија – (факултативно) 20 €
    Патничко и здравствено осигурување – 200 мкд
    Индивидуални трошоци
    Доплата за еднокреветна соба – 4.800 мкд
    Туристичка такса – 1 € по лице по ден (се плаќа во автобус)
    Влезници за посета на културно историските споменици

Попусти и доплати:

  • Деца до 2,99 г.: само 50 € за превоз (без легло)
  • Деца 3–11,99 г.: полна сума, попуст само на факултативиℹ️ НАПОМЕНИ:
    ✔️ За реализација на овој аранжман е потребен минимум од 40 платежни патници по автобус✔️ Агенцијата го задржува правото да го менува редоследот на посетите ако тоа е потребно поради временскиили други причини.✔️ Резервација со 30% аванс и копија од пасош, доплата 10 дена пред поаѓање.

    ✔️ Дадените цени се во евра, уплата е исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62 мкд.

    ✔️ За избор на седиште се доплаќа 20 € освен првите 4 седишта кои се наменети за персоналот.

    ✔️ За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Т.А. „АНА ТУРС ИНТ.“ – Битола

     

    НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ:
    ➡️ 30 % уплата при резервација а остатокот 20 дена пред поаѓање
    ➡️ На 6 рати преку Јуте Кредити – аплицирање директно во агенцијата

     

     

     

    За подетални информации и резервации: 047 203 580

    или во нашите деловни простории во комплексот Безистен

 

  • Тргнување
    30.12.2025
  • Враќање
    03.01.2025
1
Прв ден – Вторник (30.12.2025) | Поаѓање кон градот на два континенти
Средба на групата на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во 16:00 часот.Сместување на багажот и поаѓање кон Истанбул во 16:30 часот.Ноќно возење преку Грција, со попатни паузи и царински формалности. Во автобусот – презентација на програмата, корисни информации и запознавање со групата.
2
Втор ден – Среда (31.12.2025) | Историски Истанбул и Дочек на Нова Година
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови.По оставување на багажот во хотелот, започнува пешачка тура низ срцето на стариот град со лиценциран водич:
  • Аксарај – стар кварт кој го чува духот на османлиското време.
  • Капали чаршија (Grand Bazaar) – најголемиот затворен пазар во светот, лавиринт од повеќе од 4.000 дуќани.
  • Аја Софија – симбол на византиската архитектура и еден од најпознатите споменици во светот.
  • Сината џамија (Султан Ахмет) – извонредна по своите шест минариња и сините изник плочки.
По завршувањето на разгледот – слободно време за кафе или шопинг.Во вечерните часови – дочек на Нова година на брод на Босфорот со свечена вечера, музика, танци и фантастичен поглед на огнометот што го осветлува градот од двете страни.Ноќевање.
3
Трет ден – Четврток (01.01.2026) | Крстарење, Азија и Таксим
По појадокот – круиз по Босфорот. Од палубата ќе ги видите Долмабахче, Чираган, Кулата на девојката (Leandros Tower) и мостовите кои го спојуваат европскиот и азискиот брег.Потоа следува панорамски разглед на европски и азиски Истанбул – преминување преку мостот и посета на Кадикој, шарена и современа населба со уличен дух, локални пазари и живи кафулиња.По враќањето на европската страна – посета на Таксим плоштад и Истиклал улица, долга два километри, со продавници, книжарници, ресторани и уметнички галерии. На крајот – Галата кула, симбол на Истанбул со поглед кој ја сече маглата над Босфорот.Слободно време и враќање во хотелот. Ноќевање.
4
Четврт ден – Петок (02.01.2026) | Поглед од Пиер Лоти и шарениот Балат
По појадокот – искачување со жичара до видиковецот Пиер Лоти, од каде се отвора панорама на Златниот Рог. Следува прошетка низ Балат, најшармантниот кварт на Истанбул со шарени куќи и калдрма. Посета на Вселенската патријаршија, духовно седиште на православието.Потоа – прошетка во Ортакој, познат по печените компири „Kumpir“, сувенирниците и фотографиите под мостот на Босфорот. Посета на традиционална продавница за слатки – дегустација на баклави, локуми, масла и креми по производни цени. Враќање во хотелот. Ноќевање.
5
Петти ден – Сабота (03.01.2026) | Outlet 212 и враќање кон Македонија
Појадок и одјавување од хотелот.Посета на трговскиот центар Outlet 212 – место каде што се среќаваат сите познати брендови по намалени цени. Слободно време за шопинг и кафе.Поаѓање кон Македонија во попладневните часови (по турско време).Ноќно возење преку Грција, пристигнување во Битола во утринските часови наредниот ден.

TOUR LOCATION

Sorry, the comment form is closed at this time.

error: Content is protected !!