Top
 

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

по лице

“Истрежете и запознајте ги културно – историските богатства на  Источна Македонија”

 

  • Збирно место
    Пред деловните простории на агенцијата
  • Тргнување
    07:00
  • Додатни информации
    Можност доколку не сте ги искористиле ваучерите за домашен туризам да го направите тоа
1
1Ден.  Поаѓање од пред договорното место во 07.30. Патување кон Прилеп. Разглед на градот на центрот на градот, старата прилепска чаршија, спомениците на Александар, Ченто и Крале Марко. Слободно време за прошетка. Патувањето продолжува кон Кавадарци и Неготино. Попатна посета на Демир Капија и винаската визба Попова Кула. Продолжување кон Дојран со посета на Дојранското езеро кое е едно од трите природни езера а воедно е најмало и најплитко езеро во Македонија. Слободно време за ручек во сопствена режија во Дојран. Прошетка покрај возобновениот и реконструиран кеј на Дојранското Езеро. Заминување кон Струмица. Посета на еден од најубавите и најстарите манастири во источниот дел на Македонија – Света Богородица Елеуса во селото Вељуса кој датира од 11 век. Враќање во Струмица и разглед на плоштадот во Струмица каде се наоѓаат двата споменици на Гоце Делчев и на Струмичкиот карневал. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
2
2 Ден. Појадок. Заминување кон Радовиш за посета на една од најубавите новоизградени цркви во Македонија – Црквата на Светото тројстство. Заминување кон Штип Разгледот на Штип со посета на археолошкиот музеј и музејот во Штипско Ново село со дел од поставката на борците за слободна Македонија. Посета на статуата на  Гоце Делчев,  пред ректоратот и црквата во Штипско Ново село. Заминување кон Пробиштип и Лесново за посета на Лесновкиот манастир. Заминување кон Кратово. Посета на градот на кулите и мостовите, градот кој во своите градби има многу легенди и приказни. Слободно време за ручек во Кратово. Заминување кон Битола преку Велес и Прилеп. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
error: Content is protected !!