НОВА 2026 ВО ДУБРОВНИК
Не пропуштајте магичен Дочек на Новата година во бисерот на Јадранот со ДИНО МЕРЛИН! ✨
Термин: 30 Декември до – 03 Јануари 2026
5 дена / 3 ПОЛУПАНСИОНИ хотел Adria 4*
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ
Резервации до 15 Ноември: 279 € со задолжителна резервација на пакетот факултативи со попуст 60 € (плаќање на факултативите во автобус)
Редовна цена: 299 €
Со резервација на редовната цена на аранжманот , задолжителните факултативи се плаќаат по редовна цена
Вклучено во цената:
- Автобуски превоз со виско туристички автобус по програмата со поаѓање од Битола, Прилеп, Росоман, Велес и Скопје
- Хотел 4* со појадок и вечера (шведски стол)
- ️ Организирани разгледи во Будва, Котор и Дубровник со локален водич
- Организација и водство на патувањето
- ✈️ Пратител–водич за цело време на патувањето
Не е вклучено:
- ️ Влезници за културно-историски споменици
- Задолжителна факултативна посета на Меѓугорје и Мостар (40 €)
Задолжителна факултативна посета на Требиње и манастирот Тврдош (30 €) - Останати факултативни посети
- ️ Патничко осигурување ( 300,оо денари)
- Туристичка такса во Дубровник – 6 € за 3 дена, се плаќа на рецепција на хотелот
ℹ️ Напомена
- Минимум 40 патници за реализација
- Цената е во €, плаќање во денарска противвредност (1 € = 62 ден.)
- Важат општите услови на Т.А. Ана Турс Интернационал – Битола
Контакт и резервации
- Тел: 047 203 580
- E-mail: anatours@hotmail.com
- Веб: anatours.com.mk
- Тргнување30.12.2025
- Враќање03.01.2026
1 Ден: Битола – Прилеп – Велес – Скопје – Будва – Дубровник (30.12.2025)
2 Ден: Будва – Дубровник (31.12.2025)
3 Ден: Манастир Тврдош – Требиње – Дубровник (01.01.2026)
Појадок. По појадокот се упатуваме кон манастирот Тврдош, во близина на Требиње. Следува разгледување на манастирскиот комплекс и црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица, како и манастирските ѕидини и археолошките остатоци од стариот храм.
Манастирот Тврдош е познат по тоа што Свети Василије Острошки бил замонашен токму тука и во него живеел дванаесет години. Денес, монасите во манастирот произведуваат традиционално вино, кое посетителите имаат можност да го дегустираат и купат.
По посетата на манастирот се упатуваме кон Требиње – градот на сонцето и виното.
Шетајќи низ неговите тесни улички, ќе ги посетиме и разгледаме:
Соборната црква Преображение на Господ,
Католичката катедрала на Блажена Богородица,
Осман-пашината џамија.
Низ градот тече реката Требишњица, а нејзините два брега ги поврзуваат бројни мостови, меѓу кои се издвојуваат мостот на Иво Андриќ, Камениот мост и Асланагиќевиот мост.
Следува слободно време за индивидуален разглед и уживање во шармот на Требиње.
По завршениот разглед се упатуваме кон Дубровник.
Вечера. Ноќевање.
4 Ден: Дубровник – Меѓугорје – Мостар (02.01.2026)
Појадок.По појадокот, заминување кон Меѓугорје, едно од најпознатите и најпосетувани католички светилишта во Европа. Од 1981 година, кога група млади луѓе сведочеле дека им се појавила Блажената Дева Марија, Меѓугорје станало место на мир, молитва и духовно обновување за милиони поклоници од целиот свет.
Посета на Брдо на појавувањето (Подбрдо) — местото каде што се случиле првите визии. Кратка молитва и можност за лично размислување во тишината на ова свето место, опкружено со маслинови дрвја и симболични скулптури на Тајните на Светата Бројаница.
По духовното доживување во Меѓугорје, патувањето продолжува кон Мостар, бисерот на Херцеговина и град кој со векови претставува симбол на соживот меѓу различни култури и религии.
Пристигнување во стариот дел на Мостар, прошетка по живописните калдрмисани улички исполнети со продавници за ракотворби и традиционални кафеани. Посета на прочуениот Стари мост – ремек-дело од османлискиот период изграден по наредба на Султаност Сулејман Веичанствени и симбол на помирувањето и поврзувањето на народите од двете страни на реката Неретва.
Ќе имате време за кафе или ручек во некој од чаршиските ресторани со прекрасен поглед кон мостот.
Во попладневните часови – враќање во Дубровник.
Вечера и ноќевање.
5 Ден: Дубровник – Котор – Скопје – Велес – Прилеп – Битола (03.01.2026)
Појадок. По појадокот, заминување кон Котор, еден од најубавите градови на Јадранското крајбрежје, сместен во спектакуларниот Бока Которска залив – најјужниот фјорд во Европа.
Разглед на стариот град Котор, кој е под заштита на УНЕСКО, со прошетка низ неговите тесни улички, средновековни плоштади, и впечатливи камени палати. Ќе ги посетиме Катедралата „Св. Трифун“,црквата Свети Никола и старите градски ѕидини и кулата со часовникот, симбол на градот.
Кратко време за одмор и кафе со поглед кон заливот – еден од најфотогеничните пејзажи на Јадранот.
По разгледот, продолжување на патувањето преку Албанија и Косово, со попатни паузи за одмор и освежување. Ќе имате можност да уживате во променливите предели — од бреговите на Јадранот, преку планинските долини и историските места во внатрешноста на Балканот.
Во вечерните часови – пристигнување во Скопје па до Битола.
TOUR LOCATION
Sorry, the comment form is closed at this time.
