Top
 

Острошки Манастир

Острошки Манастир

по лице

Доживејте ја духовната магија на Острошкиот манастир!

Сокриен високо во карпите на Црна Гора, Острошкиот манастир е вистинско духовно светилиште и едно од најпосетените православни места на Балканот. Изграден во карпа, со поглед што го одзема здивот, манастирот плени со својата тишина, убавина и чудотворна енергија.

Патувањето до Острог не е само обична екскурзија – тоа е патување до внатрешниот мир. Илјадници верници и туристи од целиот свет доаѓаат овде со надеж, благодарност и молитва, оставајќи го срцето исполнето со вера и надеж.

Прошетајте низ вековната историја, поклонете се на чудотворните мошти на Свети Василиј Острошки, и почувствувајте ја тишината што зборува повеќе од илјада зборови. Без разлика дали сте верник, љубител на историја или авантурист, Острог е доживување што се памети засекогаш.

Дозволете му на Острогшки манастир да Ви го допре духот.
Твоето патување кон мирот започнува тука.

 

цЕНА 1900 ДЕНАРИ

 

1
Ден 1.
Состанок на групата околу 23:00 часот. Поаѓање кон Црна Гора (ноќно возење). Се патува  преку Албанија со царински формалности и попатни паузи
2
Ден 2.

Пристигнување во Св.Стефан можност за панорамски разглед на најлуксузното летувалиште на Јадранот, потоа се патува до Будва. Слободно време за разглед на Стариот град, слободно време за кафе, шопинг и други индивидуални активности.

Во договорено време поаѓање према ОСТРОШКИ МАНАСТИР. По пристигнувањето по желба искачување до Манастирот пешки или трансфер со локален минибус, сместување, разглед на Горниот Манастир. Присуство на попладневната служба и поклонување на моштите на Св.Василиј Острошки. Ноќевање во конак или во дворот на манастирот.

3
Ден 3.

Можност за присуство на утринска служба во горниот или долниот манастир. По службата во 09 часот поаѓање за Подгорица. Посета на храмот Христово Воскресение. Храмот се градел цели 20 години од 1993 година и денеска претставува трета по големина Православна катедрала во светот по соборниот храм Христос Спасител во Москва и катедралата Свети Сава во Белград. По посетата се поаѓа за манастирот Дајбабе.

Во договорено време со водичот поаѓање према Македонија со паузи и царински формалности. Пристигнување во ноќните часови околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: = 1900 денВо цената на аранжманот Е вклучено:
  • Превоз на наведената релација со туристички автобус

  • Организација и водство на патувањето

  • Разглед на Будва, Храм Христово Воскресение, Манастир Дајбабе

  • Пратител на групата

 Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
Патничко – здраствено осигурување: Трансфер до Горниот Манастир со локално комбе (1еу по лице во правец) Туристичка такса во Острог (1 еур по лице) Ноќевање во долниот конак (5еур по лице) Ноќевање во Горниот конак е бесплатно доколку има слободни места кои се проверуваат по пристигнување во манастирот
 Може да се патува и со лична карта.  
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 10 евра при уплата на аранжманот.
НАПОМЕНА:
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ: Тел: 047 203 580
error: Content is protected !!