Top
 

Christmas market Виена и Братислава

Christmas market Виена и Братислава

239евра 209евра по лице

ДОЖИВЕЈ ЈА БОЖИЌНАТА МАГИЈА ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА!
ВИЕНА – МАЕРЛИНГ – СЕЕГРОТЕ – БРАТИСЛАВА
Патување исполнето со светилки, топло вино, традиција и празнична атмосфера!

Замислете: прошетка низ снежна Виена со мирис на штрудла и цимет, светилки насекаде, топло греено вино во рака и звуци на класична музика од познатиот божиќен базар пред Ратхаусот…
Сето тоа и многу повеќе Ве очекува на ова магично патување низ  фасцинантни европски дестинации!

ШТО ЌЕ ПОСЕТИМЕ?
ВИЕНА – Главниот град на Австрија е еден од најубаво украсените градови за време на Божиќ , многу пати прогласен и за еден од најдобрите маркети во Европа.
МАЕРЛИНГ – Историско место полно со мистерии и дворци, идеално за кратка зимска прошетка и интересни приказни.
СЕЕГРОТЕ – Незаборавно искуство во најголемото подземно езеро во Европа. Спуштање под земја, кратко возење со чамец, магија што не се гледа секој ден!
БРАТИСЛАВА – Шармантен стар град кој во декември се претвора во вистинска зимска бајка. Ќе уживаме во празничниот базар, ќе вкусиме словачки деликатеси и ќе прошетаме низ автентичната архитектура.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Резервации до 25 октомври: 209 € / 12.960 ден. со задолжителна резервација на пакетот факултативи, (плаќање на факултативите во автобус)

Редовна цена: 239 € / 14.820 ден.

  • Тргнување
    05.12.2025
  • Враќање
    09.12.2025
1
1 ДЕН | 05.12.2025 | БИТОЛА - СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата во 14:00 часот на паркингот пред спортската сала. Попатни застанување во Скопје за качување на патниците. Поаѓање кон Виена преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 ДЕН | 06.12.2025 | ВИЕНА
Добредојдовте во Виена – градот на валцерот, елеганцијата и празничната магија!По пристигнувањето, ве очекува панорамски разглед со локален водич: ќе ги видите најпознатите знаменитости – Рингштрасе, Операта, Парламентот, Ратхаус, Белведере, како и споменикот на Марија Терезија.  Продолжуваме со прошетка низ историското срце на Виена – дворецот Хофбург, катедралата Св. Стефан и уличките исполнети со духот на старата монархија. Попладнето е резервирано за уживање: посетете ги божиќните базари, почувствувајте ја топлината на празничните светла, мирисот на греано вино и звуците на класичната музика што го исполнуваат воздухот. Виена навистина блеска во овој период – романтична, величествена и полна живот! Ноќевање.
3
3 ДЕН | 07.12.2025 | ШЕНБРУН – МАЕРЛИНГ – СЕЕГРОТЕ (ВИЕНСКА ШУМА)
Појадок.Започнете го денот со незаборавна факултативна посета на дворецот Шенбрун – симбол на империјалниот сјај и елеганција на Хабсбурговците. Ќе ги прошетаме раскошните сали каде некогаш одекнувала музиката на Моцарт и ќе ги откриеме тајните на монарсите Марија Терезија, Наполеон и Франц Јосиф.Потоа ќе отпатуваме во Виенската шума, зелениот рај на Австрија. Во Маерлинг, ќе ја чуеме најпознатата љубовна приказна на австриската аристократија – трагичната судбина на принцот Рудолф и баронесата Марија Ветсера.Следи посета на Сеегроте Хинтербрил, најголемото подземно езеро во Европа. Ќе се спуштиме во свет исполнет со мистерија и убавина, ќе пловиме по подземните води и ќе ја почувствуваме магијата која ги инспирирала филмските творци на „Трите мушкетари“.Враќање во Виена во вечерните часови – време за вечерна прошетка, светкави излози, празнични украси и мирис на греано вино. Ноќевање.
4
4 ДЕН | 08.12.2025 | ВИЕНА – БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ
Појадок. Денес го напуштаме хотелот и се упатуваме на факултативен излет кој комбинира култура, историја и уживање во шопингот!Првата станица е Братислава – шармантната престолнина на Словачка, сместена на бреговите на Дунав. Со локален водич ќе прошетаме низ нејзините живописни улички и ќе ги откриеме: Средновековниот плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, катедралата Св. Мартин, Словачкиот народен театар, како и елегантните барокни палати во кои музичарите Моцарт и Франц Лист оставиле свој белег. По разгледот – време за кафе, сувенири и релаксирана прошетка низ старата градска јадро. Во вечерните часови – поаѓање кон Македонија, со попатни паузи за одмор.Ноќно возење со убави впечатоци од австриската и словачката авантура.
5
5 ДЕН | 09.12.2025 | СКОПЈЕ - БИТОЛА
Пристигнување во Скопје и Битола  во пладневните часови.

TOUR LOCATION

Sorry, the comment form is closed at this time.

✅ Превоз со високотуристички  автобус од Битола, Прилеп , Росоман, Велес, Куманово и Скопје✅ 2 ноќевања со појадок во хотел со 4* www.dormero.de/hotel-wien/✅ Професионален туристички придружник ✅ Организација и реализација на програмата
Во цената не е вклучено:
  • Разглед на Виена со локален водич – 20 €
  • Посета на дворецот Шенбрун фото стоп + излет до Маерлинг и Сеегроте со вклучени влезници– 70 €
  • Излет Братислава (превоз + водич) – 50 €-задолжителна факултатива
  • Пакет излети: 120 € (Разглед на Виена + Шенбрун + Маерлинг и Сеегроте + Братислава)
  • Туристичка такса: 8 еур. (се плаќа во автобус)
  • Патничко осигурување: 250 ден.
  • Доплата за еднокреветна соба: 5.500 ден.
  • Попусти за деца до 11.99 год: - 20 % на вкупната цена на аранжманот
  • Доплата за избор на седиште во автобус: 20 €
error: Content is protected !!