Доживеете го магичниот Истанбул- градот кој ги спојува Европа и Азија, традицијата на модерниот начин на живот. Овој уникатен град нуди богата историја, величествени градби, ориентални пазари и модерни трговски центри. За време на ова патување ќе имате можност да ги посетите најпознатите знаменитости како Аја Софија, Сината Џамија и Капали Чаршија, како и да уживате во незаборавно крстарење по Босфор.
Разглед на Истанбул со локален водич
- Посета на Сината Џамија и Аја Софија
- Шопинг во Капали Чаршија
- Можност за крстарење по Босфор
- Турска вечер
ИСТАНБУЛ за 23-ти Октомври
Посетете го единствениот град во светот на два континенти. Уживајте во убавината, културата и магијата на Истанбул.
Собир на групата на паркингот пред деловните простории 16:45 часот и сместување на багажот.
Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот.
Следува ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и освежување, како и извршување на гранични и царински формалности.
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Багажот се остава на рецепцијата во хотелот.
Во договорено време, групата заедно со локален водич започнува пешачка тура низ историскиот дел на градот. Факултативни посети на:
Валенсов аквадукт – монументален аквадукт од 4 век.
Балат – шармантна населба со шарени куќи и стари еврејски квартови. Железната црква „Свети Стефан“ – уникатна православна црква изградена целосно од железо. Цариградската Патријаршија – духовен центар на православната црква.
Следува панорамски разглед на градот со локален туристички водич: Аја Софија (Света Софија) – симбол на зачетоците на христијанството на овие простори (разглед однадвор). Хиподромот – центар на јавниот живот во Византија.
Сината џамија (Султан Ахмет) – најпознатата џамија во Истанбул со шест минариња.
Посета на Капали Чаршија – најголемиот покриен пазар во светот со повеќе од 3000 дуќани (накит, кожа, антиквитети, облека...). Слободно време за лични активности и ручек.
Плоштад Таксим и авенијата Истиклал – најпознатата пешачка улица со продавници, ресторани и кафулиња, секогаш преполна со туристи. На крајот на авенијата се издига симболот на Истанбул – Галата кулата. Слободно време за лични активности. Враќање во хотел.
Ноќевање.
Појадок. Факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти и мостовите на Босфор, кои го поврзуваат европскиот и азискиот дел на градот. По крстарењето, продолжуваме со панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул. Автобуската екскурзија овозможува уникатно искуство на преминување од Европа кон Азија преку еден од мостовите над Босфорот.
Посета на живописната населба Кадикој на азиската страна – позната по своите тесни улички, бројни кафулиња, ресторани и продавници со автентичен турски дух и модерен европски шмек. Слободно време за прошетка, кафе и уживање во локалната атмосфера.
Ортакој – бисерот на европскиот дел од Истанбул
Ортакој е една од најпознатите и најпосетуваните населби во европскиот дел на Истанбул. Се наоѓа на самиот брег на Босфор и е познат по прекрасниот поглед кон морето и мостот „15 Јули Маченици“, кој ги поврзува Европа и Азија.
Најпрепознатлив симбол на Ортакој е џамијата Ортакој (Büyük Mecidiye Camii), изградена во 1854 година по наредба на султанот Абдулмеџид I. Џамијата е изградена во необарокен стил и се издвојува по својата елегантна архитектура и големите прозорци што овозможуваат поглед кон Босфор.
Плоштадот пред џамијата е секогаш исполнет со посетители, улични уметници и продавачи на сувенири. Во околните улици има бројни кафулиња, ресторани и мали продавници со рачно изработен накит, уметнички предмети и традиционални турски производи.
Ортакој е познат и по својата улична храна, особено по компирот – голем печен компир полнет со сирење, путер и различни додатоци како пченка, маслинки, кисели краставички, колбаси и салати. Овој специјалитет е едно од најпопуларните јадења меѓу туристите.
Од брегот на Ортакој може да се тргне на крстарење по Босфор, при што се гледаат историски палати, луксузни вили, тврдини и познатите мостови што ги поврзуваат двата континента. Поради прекрасниот пејзаж, богатата историја и живата атмосфера, Ортакој е едно од најубавите места за прошетка, фотографирање и уживање во уникатниот дух на Истанбул.
Посета на традиционална продавница за шопинг на слатки (локуми, баклави) и разновидни масти кои помагаат за повеќе болести. Враќање во хотел.
Во вечерните часови, можност за факултативна турска вечер со предјадење,главно јадење , десерт и пијалоци на брод, со музика, програма и традиционална забава.
Ноќевање.
Појадок. По појадокот слободно време за шопинг во Капали чаршија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Грција.
Планирано тргнување за Македонија во попладневните часови по турско време. Пристигнување во Битола во утринските часови во понеделник.
Пристигнување во Битола во раните утринските часови.
Во цената е вклучено / не е вклучено:
Цената вклучува:
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на аранжманот
Не е вклучено во цената:
- Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2 евра по лице од ден
- Влезници за музеи и културно - историски споменици
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба 50% од цената на аранжманот
- ЦЕНИТЕ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ КОИ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
- Истите се уплаќаат за време на патувањето:
- Посета на Балат, Железната Црква, Патријаршијата - 15 €
- Ноќен Истанбул-Таксим-20 €
- Посета на Ортакој и Кадикој-20 €
- Крстарење по Босфор 90 минутно крстарење низ најубавите предели на Истанбул- Цена 20 €
- Турска вечер – богата забава со традиционална музика, танц, настап на трбушни танчерки, вечера и неограничен пијалок. Цена: 45 €
- ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ СО ПОПУСТ: 120 € =115 €
Frequently Asked Questions
НАПОМЕНИ:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
- Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
- За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
- Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
- За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и НАТА.







