Доживеете го магичниот Истанбул- градот кој ги спојува Европа и Азија, традицијата на модерниот начин на живот. Овој уникатен град нуди богата историја, величествени градби, ориентални пазари и модерни трговски центри. За време на ова патување ќе имате можност да ги посетите најпознатите знаменитости како Аја Софија, Сината Џамија и Капали Чаршија, како и да уживате во незаборавно крстарење по Босфор.
Разглед на Истанбул со локален водич
- Посета на Сината Џамија и Аја Софија
- Шопинг во Капали Чаршија
- Можност за крстарење по Босфор
ИСТАНБУЛ за 1-ви МАЈ 4 ноќевања
Посетете го единствениот град во светот на два континенти. Уживајте во убавината, културата и магијата на Истанбул.
Собир на групата на паркингот пред Спортска сала Боро Чурлевски во 15:30 часот и сместување на багажот.
Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот.
Следува ноќно патување преку Грција со попатни паузи за одмор и освежување, како и извршување на гранични и царински формалности.
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. По пристигнувањето, багажот се остава на рецепција во хотелот.
Во договор со организаторот, групата со локален водич започнува пешачка тура низ историскиот дел на градот.
Посета на:
- Аксарај
- Капали чаршија
- Аја Софија
- Сината џамија
По разгледите следува слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел и сместување.
Во вечерните часови:
- Посета на Плоштад Таксим
- Прошетка по Улица Истиклал
- Фото-стоп кај Галата кула
Потоа посета на Ортакој – слободно време за прошетка и фотографирање.
Во вечерните часови враќање во хотел.
По појадокот, во договорено време, групата се среќава со локалниот водич на рецепцијата во хотелот.
Следува прекПо појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. Незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. По крстарењето се упатуваме на панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме населбата Кадикој на азиската страна . Мали, тесни улички, преполни со кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетате и да се напиете кафе. На враќање одиме во посета на традиционална турска продавница за слатки каде се произведуваат најубавите турски баклави, локуми и секаков тип на слатки, масла, креми, сапуни, по неверојатно ниски цени.
Враќање во хотел . Факултативно турска вечер на брод . Ноќевање
По појадокот, се поаѓа кон едно од најпосетуваните места во Истанбул – видиковецот Пјер Лоти.
До врвот се искачуваме со жичара, при што се отвора прекрасен поглед кон Златниот Рог и градот, додека слегувањето е предвидено пешки, со можност за уживање во природата и амбиентот.
По разгледот следува прошетка низ една од најживописните населби во Истанбул – Балат, позната по своите шарени куќи, тесни улички и уникатна атмосфера.
Во овој дел од градот се наоѓа и Вселенската патријаршија – едно од најзначајните духовни и историски седишта на православното христијанство.
Слободно време за прошетка, фотографирање и индивидуални активности.
По посетите, враќање во хотел.
Слободно попладне за шопинг, индивидуални прошетки и разгледи.
Ноќевање.
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање кон познатиот трговски центар Outlet 212.
Слободно време од околу 3 часа за шопинг и кафе во еден од најголемите трговски центри во Истанбул, каде се застапени бројни светски и локални брендови.
Во попладневните часови (по турско време), поаѓање за Северна Македонија.
Ноќно возење со попатни паузи и гранични формалности.
Планирано пристигнување во Битола во утринските часови (понеделник).
Пристигнување во Битола во утринските часови.
Во цената е вклучено / не е вклучено:
Цената вклучува:
- Превоз на наведената релација со туристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија
- Посета на трговскиот центар Outlet 212
- Туристички придружник за време на патувањето
- Организација и реализација на аранжманот
Не е вклучено во цената:
- Задолжително патничко осигурување 350 денари по лице
- Задолжителна доплата за туристичка такса 1 евро по лице од ден
- Факултативните излети:
- Крстарење по Босфорот – 20 евра
- Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со населбата Кадикој – 20 евра
- Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој – 20 евра
- Пиер Лоти, Балат и Вселенската патријаршија – 10 евра
- Турска вечер на брод на Босфорот со вечера – 45 евра
- Влезници за музеи и културно - историски споменици
- ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ: 60 евра
- Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
- – одмор во населбата Кадикој во Азија,
- Крстарење по Босфорот
- Ноќен Истанбул со посета на Таксим и населбата Ортакој
- Индивидуални трошоци
- Доплата за еднокреветна соба 50% од цената на аранжманот









