Сараево 1-ви Мај

4 Days

Сараево 1-ви Мај - градот помеѓу истокот и западот

Сараево за 1 Мај – Башчаршија и незаборавен викенд

Ден 1 :
30.04.2026 | МАКЕДОНИЈА – САРАЕВО

Собир на групата во 17:45 часот на договорено место (паркинг пред спортска сала).

Поаѓање за Сараево во 18:00 часот.

Попатно приклучување на патници од:
✔ Прилеп
✔ Велес
✔ Скопје
✔ Куманово

Патувањето продолжува преку граничниот премин Табановце, со ноќно возење низ Србија.

Попатни паузи за одмор, освежување и царински формалности.

Ноќно возење.

Ден 2 :
01.05.2026 | ВИШЕГРАД – САРАЕВО

Во утринските часови пристигнување во Вишеград.

Разглед на познатиот Мост на Дрина, симбол на градот и под заштита на УНЕСКО.

Можност за факултативно:
✔ Крстарење со брод по реката Дрина

Посета на Андриќград, културен комплекс изграден по иницијатива на режисерот Емир Кустурица.

Во договорено време поаѓање кон Сараево.

По пристигнувањето:
✔ Сместување во хотел (доколку се подготвени собите)
✔ Кратка пауза

или

✔ Директно започнување со разглед според програмата

Организирана пешачка тура со локален водич низ центарот на Сараево:
✔ Башчаршија
✔ Себиљ
✔ Мостовите на реката Миљацка
✔ Стариот дел на градот

Слободно време за индивидуални активности, прошетки и уживање во традиционална босанска кујна.

Ноќевање.

Ден 3 :
02.05.2026 | МОСТАР – ВРЕЛО БУНЕ

Појадок.

По појадокот, можност за целодневна факултативна екскурзија во Мостар.

Попатна посета на Јабланица и познатиот Мост на Неретва, место каде се одвивала историската Битка за ранетите.

Продолжување кон Врело Буне – еден од најубавите природни локалитети во Босна и Херцеговина, сместен на околу 12 км од Мостар.

Ова место претставува уникатен спој на:
✔ природа
✔ историја
✔ традиционална архитектура

Изворот на реката Буна со својата кристално чиста и студена вода, заедно со објектите изградени уште од 15-ти век, создаваат амбиент како од разгледница.

По разгледот, продолжување кон Мостар.

Разглед на градот:
✔ Стариот мост
✔ Старата чаршија
✔ Стариот дел на градот

Слободно време за прошетка и ручек во некој од автентичните ресторани во етно стил.

Во договорено време, враќање во Сараево.

Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот.

Ноќевање.

Ден 4 :
03.05.2026 | САРАЕВО – МАКЕДОНИЈА

Појадок.

Одјавување од хотелот.

Можност за факултативна посета на:
Врело Босне – природен парк со извори на реката Босна
Босански пирамиди (Високо)

Во 2005 година, истражувачот Семир Османагиќ излезе со теорија дека ридовите во околината на Високо имаат форма на пирамиди, меѓу кои најпозната е т.н. „Пирамида на сонцето“.

Овој локалитет денес претставува една од најпосетуваните атракции во регионот.

По завршување на посетата, поаѓање кон Македонија.

Патниците кои нема да учествуваат на факултативата, ќе бидат информирани од водичот за точното време и место на поаѓање од Сараево.

Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

You can send your enquiry via the form below.

Сараево 1-ви Мај
23% Off
From €129 €99
/ Adult
From €99 €89
/ Child